Образование…тоа е она што ќе остане откако ќе го заборавите сето она што сте го научиле во училиште

   

👁 Прочитано: 405


Образование…тоа е она што ќе остане откако ќе го заборавите сето она што сте го научиле во училиште
Mihajlo donev 
Михајло Донев, Стопанска комора на Македонија

Образование…тоа е она што ќе остане откако ќе го заборавите сето она што сте го научиле во училиште, рекол Алберт Ајнштајн. Но дали учењето завршува со комплетирање на нашето формално образование? Некои би рекле човек учи додека е жив и гледано од повеќе аспекти тоа навистина е така, секоја нова информација која ја читаме или слушаме потсвесно ја процесираме и на тој начин извлекуваме што е она што за нас е корисно од истата.

Покрај формалното образование, големо значење се дава и на неформалнотo и информалното образование.

Неформалното образование како образовен процес ги опфаќа образовните активности надвор од формалниот систем на образование, со кој се стекнуваат знаења и вештини на доброволна основа. Овој сегмент од образованието се покажа како исклучително битна алка која од една страна ги спојува барањата на реалниот сектор и понудата на пазарот на труд, но и овозможува побрза и флексибилна адаптација на вработените кон вештините и знаењата побарувани од страна на компаниите.

Препознавајќи ја потребата на компаниите од дополнителна едукација, Комората како активен партнер на компаниите, во 2007 година го основаше Центарот за едукација и развој на човечки ресурси, чија основна цел е подигнување на нивото на свест кај носителите на стопанството во нашата земја за професионално обучени кадри. Постојаната посветеност во насока на испорака на квалитетни обуки беше препозната од страна на компаниите и можеме да кажеме дека Центарот за едукација при Комората несомнено е прв избор кај компаниите кога станува збор за обуки и развој на нивните вработени.

Изминатата недела (3-7.02.2020 година) беа реализирани два едукативни настана, произлезени од големиот интерес на компаниите за теми од областа на меѓународната трговија и правилното мерење на резултатите од работењето кај човечките ресурси:

1.

„Инкотермс 2020 – разбирање и правилна примена на правилата“ беше наменет за компаниите кои се вклучени во меѓународната трговија. Овие меѓународно прифатени термини во трговијата ја олеснуваат деловната соработка, па оттука правилната примена на Инкотермс - клаузулите придонесува за намалување на недоразбирањето помеѓу деловните партнери, градејќи професионализам и унапредување на деловните односи.

2.

Правилното управување со човечките ресурси, следењето на нивното работење, мерењето на перформансите и креирањето на соодветен систем за награда по учинок беа дел од темите кои беа разработени специјалистичката обука: „Управување со перформансите на вработените“ истакнувајќи ја важноста на луѓето како најважен ресурс во секој процес во која било организација.


Што следува....

... Семинарот што ќе се реализира оваа недела на тема: МАРКЕТИНГ НИЗ СОЦИЈАЛНИ МЕДИУМИ - МАРКЕТИНГ ПРИСТАПИ СО КОРИСТЕЊЕ НА SEO ЗА МАЛ БИЗНИС (LINKEDIN, INSTAGRAM) , има за цел да ги презентира новите и иновативни модели на маркетинг кои придонесуваат за значајно унапредување на растот на компанијата, генерирајќи нови клиенти и нов сегмент на пазарот.

П.С. Дополнително ви го презентираме планот за едукативни настани кои Центарот за едукација ги организира во месец февруари [ кликни тука ], во насока на ваше континуирано известување за актуелности и теми од областа на едукацијата.

Михајло Донев