ДОЛГОРОЧНА СТРАТЕГИЈА ЗА РАЗВОЈ НА АГРОСЕКТОРОТ
👁 Прочитано: 4609



ДОЛГОРОЧНА СТРАТЕГИЈА ЗА РАЗВОЈ НА АГРОСЕКТОРОТ

Веле Ристоски, сопственик на „Единство“ од Челопек, на трибината на тема: „Насоки за унапредување на земјоделско-прехранбениот сектор во Република Северна Македонија“

Потребна е долгорочна стратегија за развој на агросекторот во земјата, нешто што до сега не го направи ниту една влада, особено во делот на сточарството, што е пак основа за развој и на преработувачката индустрија. Треба да се постави лимит во делот на фармерството и да се поддржат професионалните фармери. Лимит, доколку сакаме успешни фармери и сериозно производство, треба да биде најмалку 50 мајки по фарма. Само на тој начин фармерството од хоби ќе прерасне во бизнис.