ПОДОБРЕНА СОРАБОТКАТА МЕЃУ ДОМАШНИТЕ И СТРАНСКИТЕ КОМПАНИИ

   

АКТУЕЛНО / 02.12.2019
👁 Прочитано: 236


ПОДОБРЕНА СОРАБОТКАТА МЕЃУ ДОМАШНИТЕ И СТРАНСКИТЕ КОМПАНИИ

Подобрена е соработката меѓу домашните и странските компании како дел од успешно имплементираните активности на ЕУ проектот: „ Зголемување на конкурентноста на домашните мали и средни претпријатија со цел подобрување на нивната соработка со странските инвеститори “, финансиран од Европската комисија во рамките на Инструментот за претпристапна помош (ИПА): Поддршка на вмрежувањето и синџирите на добавувачи помеѓу домашните мали и средни претпријатија и мултинационалните компании и нивно упарување во насока на клучните реформи во компетиивноста на земјата , спроведен од Машинскиот факултет при универзитетот Св. Кирил и Методиј, Скопје Стопанската комора на Македонија и Техничкиот универзитет во Виена, во времетраење од две години.

Основната цел на проектот беше унапредување на перформансите на компаниите од металопреработувачката и автомобилската индустрија во насока на обезбедување на нивна поголема компетитивност, која понатаму ќе резултира со подобра соработка со странските инвеститори но и како резултат и на подобрените извозни компетенции и со други странски компании. Проектот резултираше со обучен кадар во компаниите и имплементација на одредени напредни производни и менаџерски пристапи, кај околу 20-ина македонски компании, а кај шест од нив беа имплементирани индустриски проекти во текот на цела измината година-посочи д-р Миновски.

Д-р Бојан Јованоски, вонреден професор на Машинскиот факултет Скопје ги посочи етапите низ кои беа реализирани проектните активности отпочнувајќи со анализа и определување на барањата на странски инвеститори, следејќи со анализа на домашните компании и што тие можат да испорачаат со поддршка од проектот. Како резултат беа селектирани седум македонски компании во кој се реализираа индустриски проекти во насока на подобрување на нивните производни перформанси и нивно прифакање од страна на странските инвеститори како нивни потенцијални партнери за соработка.

Од самиот почеток на проектот врз основа на методологија преку системска анализа 15 директни странски инвеститори го изразија својот интерес за учество, 97 мали и средни претпријатија беа заинтересирани за соработка со странските инвеститори, беа одржани над 100 Б2Б средби меѓу мали и средни претпријатија со странските инвеститори, по што следуваше скенирање на состојбата преку директна посета на домашните компаниите. Од нив 17 компании со над 30 вработени присуствуваа на тематските дводневните обуки кој беа креирани согласно потребите домашните компании. На крајот беа дефинирани 6 индустриски пилот проекти каде паралелно со експертите беа вклучени 5 практиканти-студенти од Машинскиот факултет кои се здобија со искуства кои во иднина ќе ги применат и на тој начин ќе придонесат за одржливост на проектот.

Проф. д-р Роберт Миновски од Машинскиот факултет Скопје и воедно проектен координатор на проектот ја најави Завршната конференција во рамките на проектот, која ќе се одржи на 4-ти декември 2019 година во хотелот Мериот и ги повика сите заинтересирани да присуствуваат на истата во рамки на која ќе бидат презентирани анализите, препораките и резултатите од реализираните индустриски проекти во домашните претпријатија, како и моделите за успешна соработка на домашните компании со странските инвеститори во државата. Искуствата и резултатите ќе претставуваат насоки за понатамошно унапредување на соработката на домашните и странски компании со имплементирање на успешни индустриски проекти во рамки на домашните компании во насока на зголемување на конкурентноста на домашната економија.

м-р Ивана Крстевска