ДАНИЕЛ РУХТИ СКОПЈЕ- ШВАЈЦАРСКА ИНВЕСТИЦИЈА СО ВРВЕН КВАЛИТЕТ И СОФИСТИЦИРАНО ПРОИЗВОДСТВО ВО МАКЕДОНИЈА

   

👁 Прочитано: 336


ДАНИЕЛ РУХТИ СКОПЈЕ- ШВАЈЦАРСКА ИНВЕСТИЦИЈА СО ВРВЕН КВАЛИТЕТ И СОФИСТИЦИРАНО ПРОИЗВОДСТВО ВО МАКЕДОНИЈА

Потпретседателот на Стопанската комора на Македонија  д-р Јелисавета Георгиева - Јовевска и м-р Анета Димовска, самостоен советник во Комората, остварија работна посета во фабриката за производство на ПВЦ и дрвени прозорци ДАНИЕЛ РУХТИ ДООЕЛ во Скопје, во рамките на која се сретнаа со генералниот директор г-ѓа Леунора Саити.
 
На средбата се дискутираше за досегашните  искуства од работењето на компанијата во Македонија, како и за клучните активности кои ДАНИЕЛ РУХТИ ДООЕЛ ги превземал во минатото за проширување на своите инвестиции.

Од неодамна компанијата ДАНИЕЛ РУХТИ ДООЕЛ Скопје е дел од групацијата  Рухти Аерни АГ од Швајцарија, односно истата е во целосна швајцарска сопственост. ДАНИЕЛ РУХТИ постои во Швајцарија повеќе од 40 години а во нашата земја оваа компанија отвара свој погон за производство во 2011-та година. Компанијата која вработува близу 100 лица, со производство во Македонија започнува во простории под закуп, за да неколку години подоцна инвестира  во сопствени погони во Визбегово кои се простираат на околу 10.000 m². Нивното производство кое се состои од високо квалитетни, енергетско ефикасни ПВЦ и дрвени прозорци и врати е целосно наменето за извоз во Швајцарија.

                    
 ДАНИЕЛ РУХТИ СКОПЈЕ- ШВАЈЦАРСКА ИНВЕСТИЦИЈА СО ВРВЕН КВАЛИТЕТ СОФИСТИЦИРАНО ПРОИЗВОДСТВО ВО МАКЕДОНИЈАДАНИЕЛ РУХТИ СКОПЈЕ- ШВАЈЦАРСКА ИНВЕСТИЦИЈА СО ВРВЕН КВАЛИТЕТ СОФИСТИЦИРАНО ПРОИЗВОДСТВО ВО МАКЕДОНИЈАСпоред податоците од 2018-та година од топ 100 извозни компании, Даниел Рухти се наоѓа на 55 место со извоз во вредност од 8.376.437 евра.

Од страна на претставниците на Комората на средбата со г-ѓа Леунора Саити беа потенцирани активностите на Комората, како и приоритетите за следниот период. Исто така, се изрази подготвеноста и на Комората и на ДАНИЕЛ РУХТИ ДООЕЛ Скопје за соработка и вклучување во повеќе заеднички активности меѓу кои активно учество на компанијата во Клубот на извозници при Комората како и Советот на странски инвеститори во рамките на Комората.

Г-ѓа Саити  како предизвици со кои се соочува фирмата во секојдневното работење ги посочи недостигот на стручен кадар како и неговата флуктуација, одредени проблеми поврзани со увозно-извозните постапки, навремениот поврат на ДДВ, како и предизвиците со кои се соочува фирмата при неможноста на пронаоѓање на соодветни домашни добавувачи кои нудат квалитетни производи и услуги.

м-р Анета Димовска