“КРОМБЕРГ & ШУБЕРТ МАКЕДОНИЈА“ ДООЕЛ Битола – иницијатор за справување со миграцијата и недостигот на работна сила по мерка на бизнисот

   

👁 Прочитано: 255


“КРОМБЕРГ & ШУБЕРТ МАКЕДОНИЈА“ ДООЕЛ Битола – иницијатор за справување со миграцијата и недостигот на работна сила по мерка на бизнисот

Во рамки на редовните посети на компаниите, д-р Елена Милевска Штрбевска и Влатко Стојановски од Советот на странски инвеститори при Стопанската комора на Македонија ја посетија “КРОМБЕРГ & ШУБЕРТ МАКЕДОНИЈА“ ДООЕЛ Битола – компанија која е меѓу првите пет најголеми работодавачи и извозници во државата.

Компанијата “КРОМБЕРГ & ШУБЕРТ МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ Битола” која се занимава со производство на кабелски снопови за автомобилска индустрија започна со производниот процес во индустриската зона “Жабени” во 2012-та година. Компанијата во Битола функционира веќе 7 години, и активно работи на 3 проекти и тоа: Mercedes (Vito и V – Class) и Audi A4, како и проектот за Mercedes Sprinter кој започна со сериско производство минатата година.

Исто така од почетокот на периодот во кој постои, оваа компанија има успешно завршени 2 проекти за BMW, и тоа Mini Cooper и BMW X1. Во изминатите години бројот на вработените постојано расте и во моментов компанијата има над 6500 вработени што ја прави една од најголемите работодавачи во Македонија.

“КРОМБЕРГ & ШУБЕРТ МАКЕДОНИЈА“ ДООЕЛ Битола – иницијатор за справување со миграцијата и недостигот на работна сила по мерка на бизнисот На средбата со менаџерот за човечки ресурси, Светлана Пејковска, се разговараше за грижата за вработените, нивниот развој и добробит, како и унапредувањето на тимскиот дух и градењето на заедништво, како едни од главните приоритети на Кромберг & Шуберт. Како социјално одговорна компанија тие постојано вложуваат во образованието, културата и здравјето, не само на нивните вработени туку и на граѓаните од целиот пелагониски регион и пошироко.

Компанијата е позната како трендсетер во различни области, почнувајќи од начинот на раководење, управувањето со човечките ресурси, односот према животната средина, организирање на многубројни хуманитарни акции, учество во проектот за дуално образование, стипендирање на студенти, поддршка за спортот, како и во другите сфери од животот.

“КРОМБЕРГ & ШУБЕРТ МАКЕДОНИЈА“ ДООЕЛ Битола – иницијатор за справување со миграцијата и недостигот на работна сила по мерка на бизнисот Соочувајќи се со предизвиците поврзани со исселувањето на работоспособното население од државава, а со тоа и намалување на можностите компаниите да најдат соодветни квалитетни кадри, но и соодветен број кадри кои им се потребни, ,  “КРОМБЕРГ & ШУБЕРТ МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ Битола, беше главен иницијатор за поднесувањето на Иницијативата на Советот на странски инвеститори до Владата на РСМ  за изработка на заедничка стратегија за справување со појавата на масовна миграција на работоспособното население и обезбедување квалификуван кадар согласно потребите на бизнисот. Овие теми, беа предмет на разговор и на реализираните средби во Комората со г-дин Уве Шилинг, технички директор во компанијата, со цел до Владата да се упати апел дека станува збор за сериозни прашања кои се од стратешки државен интерес, а секако се и од интерес и за странските инвеститори и за домашните компании. Врз основа на поднесената иницијатива,  во наредниот период се подготвува и  заедничка работна средба на Советот на странски инвеститори со Владата на РСМ, на која отворено ќе се разговара за овие прашања, со цел  ефикасно справување со проблемот поврзан со обезбедување стручен квалификуван кадар во согласност со потребите на компаниите и спречување на масовната миграција на работоспособното население од земјава.

“КРОМБЕРГ & ШУБЕРТ МАКЕДОНИЈА“ ДООЕЛ Битола – иницијатор за справување со миграцијата и недостигот на работна сила по мерка на бизнисот

Д-р Елена Милевска Штрбевска