АКТИВА ШТИП – ПРИМЕР ЗА СОРАБОТКА НА ДОМАШНА КОМПАНИЈА СО СТРАНСКИТЕ ИНВЕСТИТОРИ

   

👁 Прочитано: 802


АКТИВА ШТИП – ПРИМЕР ЗА СОРАБОТКА НА ДОМАШНА КОМПАНИЈА СО СТРАНСКИТЕ ИНВЕСТИТОРИ

Актива ДOO Штип   е основана во 1999 година. Започнувајќи со мини технологија и неколку вработени, во текот на своето интензивно работење, прилагодувајќи се на современите динамични текови за постигнување на понатамошен развој и потребите на пазарот, остварува силен подем и прераснува во врвен производствен капацитет во металната индустрија, вклучувајќи ги сите елементи на занаетско-завршни работи, како и производство на дел од потребната процесна технолошка опрема. Добро позиционирана, во срцето на индустрискиот регион во Штип, како приватна компанија, располага со работен погон од највисоки стандарди и наменски изградени канцеларии и е фокусирана кон принципот за квалитет на производите и почитување кон партнерите и клиентите, што, согласно генералниот менаџер Иле Николов придонесува Актива да се одржи како лидер на пазарот.

При посетата на оваа компанија, претставниците од Комората, д-р Елена Милевска Штрбевска, Перо Авакумовски и Моника Стоичева, имаа можност да ги видат производствените погони во фабриката и да поразговараат со генералниот менаџер Иле Николов околу натамошните планови за инвестирање и развој, предизвиците со кои се соочуваат, како и за тековното работење и соработката со Комората.

Актива ДOO Штип  e препознатлива компанија по производството и монтажата на секаков вид челични конструкции; покривачки, фасадерски и лимарски работи со панелни системи, профилирани или пластифицирани лимови; инсталации за греење, ладење и климатизација; електрични инсталации и автоматизација, како и производство на процесна технолошка опрема за индустријата. Во својот производен програм Актива го има и целокупниот асортиман на метални носачи на кабли и додатни спојни елементи за потребите при изведба на електрични инсталации. Актива, како компанија е насочена и кон константно и континуирано подобрување и усовршување на квалитетот на производството во целина, пред се со набавката на квалитетни суровини и уште повеќе преку конзистентно инсталирање на најсовремена опрема и следење на светските трендови во оваа област, што за компанијата резултира во огромна придобивка, односно располага со завиден производствен капацитет, широк дијапазон на машински парк, сопствени авто-кранови и сопствен возен парк.

Изработувајќи делови за автомобилската индустрија, за потребните на Ван Хоол, компанијата Актива е успешен пример на соработка на домашните компании со странските инвеститори во земјава, со што се потврдува и фактот дека почитувањето на високите стандарди на производство е еден од основните принципи за технолошки-напредно производство и производство со поголем степен на додадена вредност.

АКТИВА ШТИП – ПРИМЕР ЗА СОРАБОТКА НА ДОМАШНА КОМПАНИЈА СО СТРАНСКИТЕ ИНВЕСТИТОРИ  АКТИВА ШТИП – ПРИМЕР ЗА СОРАБОТКА НА ДОМАШНА КОМПАНИЈА СО СТРАНСКИТЕ ИНВЕСТИТОРИ  АКТИВА ШТИП – ПРИМЕР ЗА СОРАБОТКА НА ДОМАШНА КОМПАНИЈА СО СТРАНСКИТЕ ИНВЕСТИТОРИ

Д-р Елена Милевска Штрбевска