Актуелно / Стопанска комора на Македонија
   
ВО ПОСЕТА НА КОМПАНИИТЕ
06.11.2019 👁 Прочитано: 135

„Тексико“ ДОО – водечка текстилна агенција за македонскиот пазар


„Тексико“ ДОО е компанија основана 2002 година во Скопје која моментално вработува 11 лица, и е текстилна агенција која е специјализирана во посредување и производство на нарачки за обработка на пасивни договори.

Главна задача на компанијата е да воспоставува контакти помеѓу клиентите од Западна Европа и македонските текстилни производствени компании, се со цел промовирање и координирање на соработката.

При посетата беше остварена работна средба со сопственикот на „Тексико“ г-дин Сашо Васков кој истакна дека има воспоставени контакти и соработува со 13 компании во оваа бранша од Германија пред се реномирани и познати брендови во модната индустрија, а на домашните пазар соработуваат и им даваат работа на околу 40 компании и тоа компании од Штип, Скопје, Кочани и други од источниот делл на земјава за која услуга наплаќаат околу 5% од остварениот прометот по извршен налог за производство. Поради долгогодишно присуство како на домашниот и странски пазарот, придруженото знаење, како и сигурниот тим со кој работат, компанијата може да ги исполни сите желби и потреби на клиентите и тоа брзо, компетентно и флексибилно.

Палетата на производи која Тексико им ја дава на домашните компании претежно е од лесната конфекција, фустани, блејзери, пантолони, униформи и трикотажа.

Услугите кои ги нуди компанијатасе прилагодени на потребите на клиентите, а понудата на услуги се состои:

• Производство на облека
• Избор на соодветни места за производство за вашите нарачки
• Флексибилно и краткорочно производство на контра примероци
• Обработка на царински формалности
• Континуирани информации за моменталната состојба на производство

Сашо Деспотоски