БИЗНИСОТ ДА УЧЕСТВУВА ВО КРЕИРАЊЕ НА УПИСНИТЕ ПОЛИТИКИ И НАСТАВНИТЕ ПРОГРАМИ ВО ОБРАЗОВАНИЕТО

   

АКТУЕЛНО / 17.10.2019
👁 Прочитано: 353


БИЗНИСОТ ДА УЧЕСТВУВА ВО КРЕИРАЊЕ НА УПИСНИТЕ ПОЛИТИКИ И НАСТАВНИТЕ ПРОГРАМИ ВО ОБРАЗОВАНИЕТО

Недостигот од квалификувана работна сила е клучниот проблем со кој се соочуваат фирмите од металната и електроиндустријата, истакнаа членките на Здружението од оваа дејност во рамки на Стопанската комора на Македонија. За надминување на овој горлив проблем, бараат активно вклучување на бизнисот во креирањето на уписните политики и наставните програми во образованието.

Здружението на металната и електроиндустријата при Стопанската комора на Македонија, на седница расправаше и за стратешките правци за развој на Комората кои се во насока со современите потреби и барања на бизнис заедницата и кои треба да создадат додадена вредност за компаниите од членството во Комората, т.е. нивниот бизнис да стане поуспешен. - Колку се поуспешни компаниите - членки, толку ќе биде позначајна позицијата на Комората во застапувањето и претставувањето на интересите на членките, посебно во креирањето на мерките на економската политика, – истакна главниот советник на Управниот одбор на Стопанската комора на Македонија, Зоран Јовановски.

Перо Авакумовски