ЕДЕН РЕГИОН
ЕДНА ЕКОНОМИЈА
Актуелно / Стопанска комора на Македонија
   
Актуелно
12.09.2019 👁 Прочитано: 324

ДЕЛЕГАЦИЈА НА ЕГЕЈСКАТА АСОЦИЈАЦИЈА НА ИЗВОЗНИЦИ ВО ПОСЕТА НА КОМОРАТА – ДИСКУСИЈА ЗА УНАПРЕДУВАЊЕ НА СОРАБОТКАТА

Делегација на турски стопанственици, претставници на раководството на Егејската асоцијација на извозници на овошје и зеленчук, со седиште во Измир, предводени од заменик-министерот за земјоделство и шумарство во Владата на Република Турција,  Мехмет Хади Тунч, како и претседателот на Егејската асоцијација на извозници на овошје и зеленчук, Хајретин Учук, остварија работна средба со претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески и градоначалникот на Општина Гази Баба, Борче Георгиевски.

Пред турските стопанственици, претседателот Азески накратко го претстави работењето и организацијата на Стопанската комора на Македонија, како најголема и најзначајна бизнис асоцијација во земјата, која функционира 97 години и ги претставува македонските компании кои со повеќе од 90% учествуваат во создавањето на домашниот БДП од индустријата и во надворешно-трговската размена на државата. Претседателот Азески посочи дека традиционално Стопанската комора на Македонија има одлична соработка со турските партнери од ТОББ и ДЕИК и дека и покрај ограничените капацитети на македонската економија, постојат големи потенцијали за унапредување на заемната економска соработка, како и за искористување на пријателскиот пристап на турските партнери кон македонските компании.

Азески накратко се осврна и на клучните параметри во однос на земјоделско-прехранбениот сектор во државата, како и на отворените прашања за понатамошен развој на овој сектор, вклучувајќи го непостоењето на организирани откупни центри, слабата техничка опременост на македонскиот земјоделски сектор, како и потребата од спроведување постапки за окрупнување на земјоделските земјишта.

Заменик-министерот за земјоделство и шумарство во Владата на Република Турција, Мехмет Хади Тунч, посочи дека во моментот Турција е на 7-мо место на светот на листата на најголеми извозници на свежо овошје и зеленчук и на основните прехранбени производи, како и дека активностите на Министерството се насочени кон обезбедување поддршка на преработувачката и конзервната индустрија, во насока на зголемување на додадената вредност која ја креира овој сектор. Заменик-министерот Тунч накратко ги изложи активните мерки за поддршка кои турската Влада ги обезбедува за компаниите од земјоделско-прехранбениот сектор и очекувањата Турција да се вброи во листата на 20-те најголеми извозници во однос на производи од  преработувачката и конзервната индустрија.

Претседателот на Егејската асоцијација на извозници на овошје и зеленчук, Хајретин Учук, истакна дека Асоцијацијата е основана во 1966 година, со цел да ги обедини извозниците на свежо овошје и зеленчук во Егејскиот регион, во насока на унапредување на работењето на секторот и заедничко организирање на извозните активности. Асоцијацијата во моментот брои повеќе од 300 членови, кои годишно  извезуваат производи во вредност над 700 милиони САД долари годишно, во повеќе од 170 земји. Претседателот Учук се осврна на тековните активности на компаниите од Асоцијацијата на македонскиот пазар, отворените прашања со кои се соочуваат, но и перспективите за продлабочување на заемната соработка, преку изразениот интерес на турските стопанственици за започнување производство од големи размери во Република Северна Македонија, но и за инвестиции во преработувачката и конзервната индустрија.

ДЕЛЕГАЦИЈА НА ЕГЕЈСКАТА АСОЦИЈАЦИЈА НА ИЗВОЗНИЦИ ВО ПОСЕТА НА КОМОРАТА – ДИСКУСИЈА ЗА УНАПРЕДУВАЊЕ НА СОРАБОТКАТА

На крајот на средбата, во насока на продолжување на воспоставената соработка и размена на искуства, договорено беше во идниот период да биде организирана работна посета на експерти и стопанственици од Стопанската комора на Македонија на Егејската асоцијација на извозници во Измир.

д-р Татјана Штерјова