ЕДЕН РЕГИОН
ЕДНА ЕКОНОМИЈА
Актуелно / Стопанска комора на Македонија
   
Порака од еснафот
26.06.2019 👁 Прочитано: 970

НЕЗАВИСНОСТА И ПРОФЕСИОНАЛНОСТА НА ЦЕНТРАЛНАТА БАНКА


Потпретседателот на Стопанската комора на Македонија, д-р Глигор Бишев, за поддршката и независноста на Централната банка на работна средба со претседателот на државата, Стево Пендаровски, во Стопанската комора на Македонија

Како човек кој потекнувам од банкарскиот сектор, сакам да потенцирам една многу важна работа, а тоа е улогата на Претседателот на државата и неговата позиција да го предлага гувернерот на Народната банка на Република Северна Македонија. Тоа е една исклучително значајна работа.

Долги години сите засегнати страни во државата градевме и изградивме консензус дека Централната банка треба да е независна, професионална и на тој начин се дава најголема поддршка на македонската економија.

Мојата препорака ќе биде тоа достигнување да се чува и негува и Претседателот да ја поддржува независноста и професионалноста на Централната банка.

НЕЗАВИСНОСТА И ПРОФЕСИОНАЛНОСТА НА ЦЕНТРАЛНАТА БАНКА