ПРЕДЛОГ-РЕШЕНИЈА ЗА НАДЗОР НА ПАЗАРОТ ПРЕКУ ГАП-АНАЛИЗАТА ЗА ЗАКОНОТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА ПРОИЗВОДИТЕ

   

➤ АКТУЕЛНО (30.10.2018)
👁 Прочитано: 1261


ПРЕДЛОГ-РЕШЕНИЈА ЗА НАДЗОР НА ПАЗАРОТ ПРЕКУ ГАП-АНАЛИЗАТА ЗА ЗАКОНОТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА ПРОИЗВОДИТЕ

Во Стопанската комора на Македонија, на иницијатива на Министерството за економија, беше презентирана ГАП-анализата за Законот за безбедност на производите (30.10.2018 година). Активноста е во рамките на процесот на ИПА-Проектот што го спроведува Министерството за економија за надзор на пазарот со цел да се иницира дискусија за примена на правилниците за: лифтови, опрема под притисок, машини, пренослива опрема под притисок, жичарници, радиотелекомуникациска опрема и др. Целта на оваа презентација беше преку отворена дискусија со бизнис секторот да се добијат сознанија за имплементација на правилниците и проблемите со кои се соочуваат компаниите во процесот на нивна примена, да се изработи сеопфатна анализа за фактичката состојба согласно која ќе се иницираат измени и дополнувања на содржината на правилниците, а доколку има потреба да се иницираат измени и дополнувања на законската регулатива во целост. 

pres konferencija

ГАП-анализата за Законот за безбедност на производите ја презентираше проф. д-р Виктор Гаврилоски, кој истакна дека Законот за безбедност на производи во голема мерка е усогласен со Европската регулатива, но при анализата се детектирани одредени слабости и тоа:

• нејасно разграничување на нехармонизираната и хармонизираната област;
• непрецизност на определени дефиниции и изрази;
• потреба од опфаќање на „опасни имитации“;
• конфузност на одредени членови кои дефинираат примена и однос со други прописи;
• неефективен систем за примена на стандарди;
• непрецизно дефинирање на ингеренциите на различни инспекциски органи.

Правилниците од хармонизираната област во определена мерка се имплементирани и усогласени со Европската регулатива, но при анализата се детектирани одредени слабости и тоа:

• нецелосно хармонизирање на некои од важечките технички прописи со новите директиви на ЕУ;
• непостоење на ефективен систем за контрола на документи за оцена на сообразност при увоз од трети земји;
• потреба од дефинирање на одговорности и дополнителни услови за телата кои вршат оцена на сообразност.

Се предлага законски измени кои се во насока на изготвување на:

- Закон за општа безбедност на производи, кој ќе ги пропишува општите безбедносни критериуми за производите, обврските на производителите и дистрибутерите, начелото за јавност, поттикнувањето на доброволни мерки, надзорот на пазарот во однос на пропишаните критериуми;
- Закон за технички критериуми за производите и оцена на нивната сообразност, кој ќе ги регулира начинот на пропишување на техничките критериуми за производите (подзаконски акти), постапки за оцена на сообразноста, СЕ-обележување, заемно признавање, критериуми за телата што вршат оцена на сообразноста, овластување на телата што вршат оцена на сообразноста и надзор на пазарот во однос на  пропишаните критериуми.

pres konferencija

Во однос на правилниците од хармонизираната област се предлага:

• изготвување на дополнувања или нови подзаконски акти за вертикалното законодавство за производите што целосно ќе ја транспонираат Регулативата/директивите на ЕУ;
• да се обезбедат дополнителни одредби што ќе го зголемат квалитетот на оцените за сообразност;
• примената на последната верзија на објавените усогласени стандарди во „Службен весник на ЕК“ за оцените за сообразност треба јасно да се дефинира.

Перо Авакумовски