ФОРМИРАНА НОВА ГРУПАЦИЈА ЗА ОРУЖЈЕ И ОПРЕМА
➤ Актуелно (23.03.2016)
👁 Прочитано: 569



ФОРМИРАНА НОВА ГРУПАЦИЈА ЗА ОРУЖЈЕ И ОПРЕМА

      Заради унапредување на дејностите поврзани производство или трговија со оружје, експлозивни и опасни материјали и пиротехнички средства,  како и опрема за воена и цивилна намена, на иницијатива на повеќе компании, на 23.3.2016 година се одржа конститутивна седница, на којашто се формираше нова Групација за оружје, експлозивни и опасни материи, пиротехнички средства и програма за воена и цивилна опрема како посебна форма на организирање и работење во рамките на Здружението на трговијата при Стопанската комора на Македонија.

     

Групацијата ќе работи на разгледување прашања во врска со унапредувањето на работењето и решавањето на тековните проблеми во дејноста, ќе усвојува заклучоци и ќе предлага мерки што се од заеднички интерес на членовите, а согласно законските прописи и  добрите деловни обичаи. Покрај тоа, Групацијата ќе разгледува предлози на закони и други прописи, ќе дава мислења и предлози по прашања од заеднички интерес на членовите и ќе покренува иницијативи за донесување и за измени и дополнувања на истите.

      
 
 За претседател на Групацијата е избран господин Димитар Мангутов, управител на „Диманко“ - Скопје, а за заменик-претседател е избран господин Јовица Ѓуричиќ, управител на „Специјална опрема“ - Скопје. Воедно, на седницата беше избран и Управен одбор на Групацијата, во којшто се избрани претставници кои што ќе ги претставуваат интересите на сите членови на Групацијата од областа на: трговија со ловно спортско оружје, муниција, експлозивни и опасни материјали; трговија со пиротехнички средства и реализација на огномети; трговија на наменски средства (вооружување и воена опрема); обука за теоретско и практично оспособување за ракување со оружје и стрелишта за цивилна намена; производство на оружје и опрема, како и концесии на ловишта и ловечки друштва.
                                                                                                   Марија Дукоска