Здружение на трговијата - СТРАТЕГИЈА ЗА ПОДИГНУВАЊЕ НА НИВОТО НА КВАЛИТЕТОТ НА ПРОИЗВОДИТЕ И УСЛУГИТЕ ШТО СЕ НУДАТ НА ПАЗАРОТ
➤ Актуелно (30.09.2015)
👁 Прочитано: 527



 Здружение на трговијата - СТРАТЕГИЈА ЗА ПОДИГНУВАЊЕ НА НИВОТО НА КВАЛИТЕТОТ НА ПРОИЗВОДИТЕ И УСЛУГИТЕ ШТО СЕ НУДАТ НА ПАЗАРОТ

       На 30.09.2015 година, Здружението на трговијата при Стопанската комора на Македонија одржа  седница  на која се  расправаше за Предлог-стратегијата за заштита на потрошувачите и подобрување на квалитетот на производите и услугите за периодот 2016-2020 година, со годишни програми и Акционен план.
Во воведните напомени, претставниците од Министерството за економија укажаа дека со оваа предлог-стратегија се утврдуваат основните цели кои ќе се преземат во областа на заштита на потрошувачите, за да се потикне подобрувањето на квалитетот на производите и услугите  со што тие ќе  станат поконкурентни на пазарот, а воедно и да се зголеми свеста кај  компаниите дека потрошувачот секогаш треба  да e на прво место.  

            


Политиката на заштита на потрошувачите директно може да придонесе за јакнење на економијата. Оваа политика подразбира поттикнување на потрошувачите за активно учество на пазарот, за што е потребно нивното познавање на потрошувачките права и интереси. Потрошувачи кои можат да донесат адекватни одлуки врз основа на квалитетни информации ја поттикнуваат конкуренцијата, со што се стимулира и стопанскиот раст. Меѓутоа,  за да се оствари ова, потрошувачите треба да се сигурни на пазарот и да имаат доверба во неговото функционирање. Тоа значи дека на потрошувачите треба да им се обезбеди да ги остварат своите права кои се однесуваат на безбедноста, образование и информирање, заштита на економските интереси, навремено решавање на потрошувачките спорови и застапување на нивните интереси, како и достапност до основните стоки и услуги.
Предуслов за ова е создавање систем во којшто потрошувачите се свесни за своите права и одговорности, имаат пристап до информации  и совети, свесни се дека се безбедни на пазарот и дека  постојат  ефикасни механизми за откривање на нечесно пазарно однесување на пазарот. Тоа, исто така значи дека на потрошувачите им се достапни ефикасни средства на правна заштита, како и  соодветен надомест на штета.
Со оглед  дека  заштитата  на потрошувачите е мултидисциплинарна област и е уредена  со повеќе  закони, правата  и  интересите  на потрошувачите  се  во надлежност  на  повеќе министерства  и  државни институции. 
Членките на Здружението на трговијата укажаа дека компаниите од  областа на трговијата можат активно да придонесат во изготвувањето на овие стратешки документи. Трговските субјекти имаат иста цел како и потрошувачите - подигнување на нивото на квалитетот на производите и услугите што ги нудат на пазарот. Поради тоа, тие интензивно ја подобруваат продажбата и вршат анализа на процесот на продажба и стекнување техники и алатки кои ќе овозможат унапредување на резултатите, креираат конкретни стратегии, применуваат концепт и организација за унапредувања на продажбата, го подобруваат квалитетот на продажниот процес на компанијата, воспоставуваат комуникација и ниво на доверба и посветеност од клиентот. Посебно внимание посветуваат на про¬сто¬рот во про¬дав¬ни¬ца¬та, истиот да би¬де оп¬ти¬мал¬но снаб¬ден, обе¬ле¬жан и уред¬но по¬пол¬нет со квалитетни про¬из¬во¬ди, се прави оп¬ти¬ма¬лен из¬бор, ка¬те¬го¬ри¬за¬ци¬ја и ре¬де¬ње на по¬ли¬ци¬те, со кон¬ти¬ну¬и-рани про¬мо¬тив¬ни и про¬даж¬ни актив¬но¬сти. 

           
Во работењето на секторот трговија големо влијание имаат и други законски регулативи, за кои членките бараат поефикасни решенија: регулирањето на прометот со прехранбените производи, работното време, разните давачки од приходот и придонесите од платите на вработените во компаниите, стручноста на државната администрација и потребата од нивна обука за сервисирање на стопанските субјекти, заштита на интелектуалните права, како и спречување на „сивата“ економија, намалување или укинување на одделни акцизни и други давачки.    
                                                                                                    Лазо Ангелевски