Здружение на трговијата - ЗГОЛЕМЕНИ ТРОШОЦИ ЗА ТРГОВСКИТЕ ДРУШТВА СО НОВИОТ РЕЖИМ НА ДОТУР НА СТОКАТА
➤ Актуелно (21.11.2014)
👁 Прочитано: 504



Здружение на трговијата  - ЗГОЛЕМЕНИ ТРОШОЦИ ЗА ТРГОВСКИТЕ ДРУШТВА СО НОВИОТ РЕЖИМ НА ДОТУР НА СТОКАТА

На 21.11.2014 година, Здружението на трговијата при Стопанската комора на Македонија, одржа работен состанок за оформување Мислење на Здружението на трговијата за ефектите од примената на Препораките на Комитетот за здравје и животна средина, поради нарушувањето на квалитетот на амбиентниот воздух на подрачјето на град Скопје во зимскиот период.

Согласно заклучоците од јавната дебата за ограничување на времето во кое ќе биде дозволен дотур на стока на подрачјето на Град Скопје, на работниот состанок се разгледаа Препораките на Комитетот за здравје и животна средина за ограничување на времето во кое е дозволен дотур на стока на подрачјето на Град Скопје. Ова ограничување се предвидува поради нарушувањето на квалитетот на амбиентниот воздух на подрачјето на Град Скопје во зимскиот период.

 

Здружението на трговијата направи првична  Анализа за економските и други ефекти од примената на времето во кое ќе биде дозволен дотур на стока на подрачјето на Град Скопје. (предлог е да се дозволува дотур на стока од 20:00 часот навечер до 7:00 часот наутро).

Беше укажано дека трговските компании и дистрибутерите би имале многу зголемени трошоци и намалена стопанска активност, а не би се постигнал ефект во намалувањето на загадувањето на територијата на град Скопје.

Затоа е потребно да се преземат други мерки во ограничувањето на сообраќајот кај приватните возила, старите возила што најмногу го загадуваат воздухот, како и донесување соодветни мерки по зони во Градот Скопје.

Лазо Ангелевски