Здружението на трговијата покрена иницијатива за изменување и дополнување на Законот за заштита на потрошувачите - РЕГУЛИРАЊЕ И ПРЕЦИЗИРАЊЕ НА РАСПРОДАЖБАТА НА ПРОИЗВОДИТЕ
➤ Актуелно (17.09.2014)
👁 Прочитано: 524



Здружението на трговијата покрена иницијатива за изменување и дополнување на Законот за заштита на потрошувачите   -  РЕГУЛИРАЊЕ И ПРЕЦИЗИРАЊЕ  НА  РАСПРОДАЖБАТА  НА ПРОИЗВОДИТЕ

     Здружението на трговијата при Стопанската комора на Македонија  расправаше за тековната состојба на трговијата во Република Македонија и  покрена иницијатива за изменување и дополнување на Законот за заштита на потрошувачите  (17.9.2014 година).
     Во Законот за заштита на потрошувачите  („Службен весник на Република Македонија“ бр. 38/2004, 77/2007; 103/2008; 24/2011 и 164/2013), со одредбите на чл. 12, 13 и 14 се регулирани прашањата кои се однесуваат на распродажба на производите. Истите одредби, со оглед дека не се доволно прецизни, во досегашната пракса се применуваат на распродажбите на сезонските производи, на производите кои се исфрлаат од продажба, производи со грешка, производи на кои им истекува рокот на траење, но и за сите други видови на продажба со различна продажна цена од редовната. Кај компаниите кои вршат дејност трговија на мало (маркетите) има потреба од различни причини и видови на промени на продажните цени кои не се опфатени со овој Закон.

        


      Комплексниот начин на работа на маркетите во делот на информирањето на купувачите и спроведувањето на маркетиншките активности за подобро истакнување на предностите на секој субјект и поттикнување на продажбата, ја наметнаа потребата од допрецизирање на овие одредби со опфаќање на можноста за намалување на одредени цени за одредени производи за определен период - за еден ден, викенд, недела, еден месец, како и за производи за определена намена, цвеќе, школска програма и слично.
      Поради наведените причини, а со цел да нема дилеми, трговците предлагаат Законот да предвиди повеќе различни облици на продажба кои би ги опфатиле сите облици кои и сега трговците во Македонија и сите други земји ги применуваат. Примери за такви закони има во некои европски држави (Република Хрватска, Република Бугарија).
      Членките на Здружението на трговијата предлагаат да се предвидат повеќе облици на продажба, како и соодветните пропратни елементи, како да бидат означени во маркет, изложени во маркет, времетраење пред и по воведувањето итн.

      


       Потребно е да се допрецизираат термините: распродажба, акција, рок, означување, сезонско намалување, трајно намалување и нов производ. 
Распродажба – артикли кои нема повеќе да се продаваат, крај на сезона, затворање на објект. Рок – до распродажба на залихите на трговецот. Означување – Распродажба или Акција, стара и нова цена, процент – не мора. Позиционирање – за малопродажба не мора да е физички одвоено.
Акција – редовни артикли со друга цена од разни маркетиншки причини: пробивање, привлекување на артикли, леток. Рок – стара цена пред акција минимум 30 дена, акциска цена 1 до 2 месеца. Означување - Акција, стара и нова цена, процент – не мора. Позиционирање – за малопродажба не мора да е физички одвоено. 
      Акција – краток рок. Исто како Акција. Рок – до истек на рок, не подолго од 1 до 2 месеца. Означување - да се размисли дали купувачот да биде информиран дека ќе купи артикал со пократок рок од вообичаено - да се има предвид дека производ со редовна цена до последен ден од рок не мора да биде означен. Освен тоа тешко може да се следи. Позиционирање – за малопродажба не мора да е физички одвоено.

       


      Сезонски намалувања – обично се однесува за текстилната, модната индустрија. Во малопродажбата нема вакви сезони, т.е. има многу повеќе сезони за многу различни производи. За малопродажба исто како Распродажба.
Намалување, трајно намалување – има разлика со Акција. Содржи интенција дека цената ДОЛГО ќе биде намалена, а не како акција која обично трае за викенд, 1 недела, 1 месец. Како да се спречи нелојалниот трговец кој сака да се промовира дека намалува цени, а всушност прави краткорочна акција. Да определи минимален период за намалената продажна цена. Предлог минимум 3 месеци. 
       Ново – за нов производ во програмата. Рок – 1 месец. Означување – ново. Позиционирање – за малопродажба не мора да е физички одвоено.
Други имиња за намалувањата. Вообичаено Законот не ги ограничува маркетиншките идеи на трговците и тие смеат да употребуваат и други називи. Би требало да се знае под кој облик припаѓа конкретното намалување.
Беше укажано дека во Законот да се одреди дека влезните цени не се никако поврзани со облиците на продажба, т.е. не треба да се предмет на контрола и толкување од страна на Законот, што сега е случај и ги оневозможува скоро сите од гореспоменатите облици на продажба.

                                                                                                        Лазо Ангелевски