Семинар / 30.03.2020

ПРАКТИЧНА ПРИМЕНА НА ЗАКОНОТ ЗА ОПШТА УПРАВНА ПОСТАПКА ОД АСПЕКТ НА ПРОМОЦИЈА НА ЕДНАКВОСТА НА СУБЈЕКТИТЕ И ЗАШТИТА НА НИВНИТЕ ПРАВА

Стопанска комора на Македонија


   

Еднодневна работилница на тема:

ПРАКТИЧНА ПРИМЕНА НА ЗАКОНОТ ЗА ОПШТА УПРАВНА ПОСТАПКА ОД АСПЕКТ НА ПРОМОЦИЈА НА ЕДНАКВОСТА НА СУБЈЕКТИТЕ И ЗАШТИТА НА НИВНИТЕ ПРАВА
-Управен акт, управен договор, управно дејствие, начела, поим, поведување и спроведување на управна постапка и поттикнување управна практика ориентирана кон поголема сервисна ориентација-

27.04.2020 година (понеделник)
10:00-15:00 часот
Стопанска комора на Македонија, сала 4 на 5-ти кат


Стопанската комора на Македонија, на 27 април 2020 година, организира еднодневна работилница на тема: „Практична примена на Законот за општа управна постапка од аспект на промоција на еднаквоста на субјектите и заштита на нивните права“. Оваа работилница има за цел на јасен начин да ги прикаже најважните и најсуштинските точки од интерес на исклучително интрикантната управна постапка, а во насока на креирање можност за нејзино подобро разбирање, спроведување и практично спроведување. Интересот за темата на работилницата произлегува од особено честата потреба од спроведување на управна постапка заради заштита на правата на субјектите, наспроти недоволната запознаеност со нејзините правила.

На работилницата преку бројни практични примери ќе се прикажат и анализираат главните институти на управната постапка при што ќе се направи прецизна дистинкција меѓу нив. Практично ќе се обработат начелата на постапката со особен приказ на нивното значење во процесот на заштита на правата. Потоа, во рамки на работилницата ќе се објасни и текот на самата управна постапка и тоа од правилата за нејзино поведување, сé до нејзиното завршување.

Преку објаснувања и анализа на документи и пресуди, како и преку разјаснување на сите дилеми и прашања, темата ќе им се доближи на сите слушатели.

ПРОГРАМА

I. ЗАКОНСКА РЕГУЛАТИВА: ЗАКОН ЗА ОПШТА УПРАВНА ПОСТАПКА
  - Поимник;
  - Најзначајни вредносни точки:
  - Минимизирање на управни постапки;
  - Е-администрација;
  - Точка за контакт;
  - Јавни услуги;
  - Ограничување на дискреционо право.
  - Начела:
  - Законитост;
  - Пропорционалност;
  - Економичност и ефикасност;
  - Утврдување на материјалната висина;
  - Еднаквост, непристрасност, објективност;
  - Сервисна ориентација;
  - Сослушување на странките;
  - Одговорност;
  - Заштита на правата на странките и заштита на јавниот интерес;
  - Делегирање на надлежност на решавање;
  - Оцена на доказите;
  - Самостојност во решавањето;
  - Конечност и правосилност на решението.
  - ПРАКТИЧНИ ПРИМЕРИ

II. ДЕФИНИРАЊЕ И ПРЕЦИЗИРАЊЕ НА ЗНАЧЕЊЕ И ФУНКЦИИ
  - Надлежен орган;
  - Управна работа;
  - Управно дејствие;
  - Управен акт наспроти реален акт;
  - Овластено службено лице;
  - Странка и застапување на странка;
  - Комуникација меѓу странки и органи;
  - ПРАКТИЧНИ ПРИМЕРИ.

III. УПРАВНА ПОСТАПКА
  - Поведување;
  - Спојување;
  - Посебна испитна постапка;
  - Претходни прашања;
  - Усна расправа;
  - Докажување;
  - Решение;
  - Заклучок;
  - ПРАКТИЧНИ ПРИМЕРИ. 

IV. ПРАВНИ СРЕДСТВА
  - Жалба;
  - Повторување на постапката;
  - Трошоци;
  - ПРАКТИЧНИ ПРИМЕРИ.

Предавачи:

- Викторија Спасовска – Симоноска, адвокат во Адвокатско друштво „Гоџо, Кичеец и Новаковски“,   предавач на обуки, семинари и конференции со особен фокус на тематики од облигационото,   деловното и трудовото право.

- Александар Гоџо, адвокат, предавач и тренер на обуки и семинари од сите области на правото со   екстензивно искуство во застапување и решавање на спорови пред домашни и меѓународни форуми,   помеѓу кои ICSID при Светска банка Вашингтон и Европски суд за човекови права-ECHR. Член на   постојаниот арбитражен суд, член на групата за стратешко застапување при МЗМП, ко-автор на   Прирачник за правнички вештини, национален тутор на HELP програмата на Совет на Европа.   Активен учесник во истражувачки проекти и проекти за јакнење на капацитетите на судството.

За сите учесници ќе биде обезбедено:
- работен материјал;
- ручeк и освежување;
- сертификат за присуство на семинарот.

Сите заинтересирани за учество на оваа работилница можат да се пријават најдоцна до 22.04.2020 година.

Агенда на настанот Пријавен лист Пријави се електронски

Контакт лица:

Анита Митревска
++ 389 2 3244057

Михајло Донев
++ 389 2 3244067

Стопанска комора на Македонија, ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13, 1000 Скопје
Контакт центар: (02) 15015