Семинар 13.12.2019 ПРЕСМЕТКОВНИ ФОРМУЛИ И ФУНКЦИИ И ПИВОТ ТАБЕЛИ ВО КАНЦЕЛАРИСКОТО РАБОТЕЊЕ

Стопанска комора на Македонија


   

Еднодневен семинар:

ПРЕСМЕТКОВНИ ФОРМУЛИ И ФУНКЦИИ И ПИВОТ ТАБЕЛИ ВО КАНЦЕЛАРИСКОТО РАБОТЕЊЕ
(ПРОГРАМА ЗА ТАБЕЛАРНИ ПРЕСМЕТКИ - EXCEL 2016)

13.12.2019 година (петок)
10:00 – 15:30 часот
Стопанска комора на Македонија, сала 4 на 5-ти кат

Функциите и формулите претставуваат главна сила на MS Excel. Станува збор за подрачје кое овозможува решавање на помалку или повеќе сложени проблеми и креирање брзи, ефикасни и компактни табели. Познато е дека Excel има исклучителни команди за обработка на податоци, филтрирање, сортирање, меѓузбирови, како и моќни алатки како што се пивот табели, графикони и други. Меѓутоа она што Excel го прави најдобра табеларна програма на сите времиња е неговиот математички апарат чија главна сила ја чинат голем број на функции.

Еднодневниот семинар посветен на програмата за табеларно пресметување овозможува за најкратко време, стекнување на неопходното знаење за работа со формули и функции во Excel како ефикасно и со леснотија би се решавале различни задачи од работното секојдневие. Со усвојувањето на формулите и функциите и нивна примена во работењето, работата во Excel станува побрза, попрецизна и поточна, а тоа секако влијае и на самодовербата.

Семинарот е наменет за сите кои сакаат да ги унапредат своите знаења и вештини како би биле поподготвени за идни деловни предизвици - да се запознаат со користењето на многубројните формули и функции кои ги нуди оваа програма, а потоа и стекнатите знаење да ги применат на своето работно место. Основен услов е учесникот да има познавања од работа со компјутер и основни познавања на програмата за табеларно пресметување - Excel.

НАПОМЕНА: ЗАРАДИ ПРАКТИЧНИОТ КАРАКТЕР НА ОБУКАТА, ПОТРЕБНО Е СЕКОЈ УЧЕСНИК ДА ПОНЕСЕ СО СЕБЕ ЛАП-ТОП КОМПЈУТЕР.

ТЕМИ КОИ ЌЕ БИДАТ ОПФАТЕНИ НА СЕМИНАРОТ:
• Валидност на податоци;
• Форматирање на ќелии;
• Работа со формули (креирање на формули, употреба на референци на ќелии, претворање на валути,   пресметка на данок, влез/излез на производи, креирање попусти...);
• Изработка на фактури во Excel;
• Употреба на вградени функции (математички функции, логички функции, статистички функции,   функции за дата и време...);
• Поврзување на работни страници и пресметковни табели;
• Сортирање и филтрирање на податоците;
• Пивот табели.

По завршување на семинарот, учесникот ќе биде во можност да:
• Креира реални фактури со вградени формули;
• Практично применува табеларни пресметки: претвора валути, пресметува данок, влез/излез на   производи, креира попусти...);
• Поврзува повеќе табели кои се наоѓаат на различни работни страници;
• Креира табели со пресметки кои самите автоматски се пополнуваат;
• Применува филтрирање и сортирање;
• Користи пивот табели.

Придобивките на компаниите и организациите од примената:
- Генерирање квалитетни работни вештини;
- Олеснета деловна администрација;
- Ефикасно користење на работното време.

Предавач:

Ирина Иванова, дипломиран инженер и професор по информатика веќе 18 години. Обучувач во областа на ИТ. Активно е вклучена во проекти финансирани од ЕУ, УСАИД и Британски Совет како експерт и обучувач. Воедно е  ETwinning и Scientix амбасадор за Македонија. Учесник е на бројни конференции, но и автор на прирачници за основно и учебници за средно образование.

За сите учесници на семинарот ќе биде обезбедено:
- работен материјал;
- ручeк и освежување;
- сертификат за присуство на семинарот.

Рок за пријавување: 11.12.2019 година.

Пријавен лист

Контакт лица:

Анита Митревска
++ 389 2 3244057

Михајло Донев
++ 389 2 3244067

Стопанска комора на Македонија,
ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13,
1000 Скопје
Контакт центар: (02) 15015

КАЛЕНДАР НА НАСТАНИ

Бизнис средби, 09.06.2020
Он-лине Б2Б средби на тема: „Жените и мажите во градежниот сектор во Дунавскиот регион и пошироко: Соочување со новите предизвици“
Семинар, 11.06.2020
УПРАВУВАЊЕ СО СТРЕСОТ
Семинар, 17.06.2020
ДИЗАЈН НА ЕФИКАСНА ОРГАНИЗАЦИСКА ЛОГИСТИКА
Работилница, 18.06.2020
ИНТЕРНИ МЕРКИ ЗА СПРАВУВАЊЕ СО ЕФЕКТИТЕ ОД ОГРАНИЧУВАЊЕТО ИЛИ ПРЕКИНОТ НА РАБОТНИОТ ПРОЦЕС
Работилница, 24.06.2020
ОНЛАЈН АЛАТКА ЗА ЕФИКАСЕН РАЗВОЈ НА ЧОВЕЧКИОТ КАПИТАЛ НА КОМПАНИИТЕ
Семинар, 25.06.2020
ЕМОЦИОНАЛНО ИНТЕЛИГЕНТНО ЛИДЕРСТВО ЗА ВРЕМЕ НА ПАНДЕМИЈА
Семинар, 26.06.2020
ОТСУСТВО ОД РАБОТА СО НАДОМЕСТОК НА ПЛАТА
Семинар, 29.06.2020
ПРАКТИЧНА ПРИМЕНА НА ЕКСЕЛ (ФОРМУЛИ, ФУНКЦИИ, ПИВОТ ТАБЕЛИ И КОНТРОЛНИ ТАБЛИ) СО ПРИМЕРИ ВО МАГАЦИНСКОТО РАБОТЕЊЕ
Семинар, 02.07.2020
ОРГАНИЗАЦИЈА И РЕАЛИЗАЦИЈА, НА РАБОТЕЊЕТО ВО ПИСАРНИЦАТА, УПРАВУВАЊЕ СО СПИСИТЕ И АКТИТЕ ВО СОГЛАСНОСТ СО ПОТРЕБИТЕ НА ОРГАНИЗАЦИЈАТА
Конференција, 16.09.2020
КОНФЕРЕНЦИЈА И МЕЃУНАРОДНИ ДЕЛОВНИ СРЕДБИ - ЕЕН, 16-18 септември 2020 година, во Сараево, Босна и Херцеговина