Семинар / 18.12.2019

ВЕШТ АДМИНИСТРАТИВЕН РАБОТНИК - Архивско- канцелариско работење / Деловно- финансиско работење -

Стопанска комора на Македонија, Македонија


   

Еднодневен семинар:

ВЕШТ АДМИНИСТРАТИВЕН РАБОТНИК
- Архивско- канцелариско работење / Деловно- финансиско работење -

18.12.2019 година (среда)
10:00 – 15:30 часот
Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат


Овој семинар пред се, има за цел да го опфати работењето на административните асистенити, кои би го дополниле своето знаење и кое ќе им помагне во развојот на работењето во архивските и канцелариски вештини, управување со финансиската документација, деловна комуникација , организација на канцеларија, состаноци, односи со јавност, организација на човечки ресурси, комуникации со банки.  


Прашања кои ќе бидат одговорени за време на семинарот:
- Кој мора да го почитува Законот за архивски материјал?
- Кои акти и основна евиденција се заведуваат во канцелариското работење?
- Која е помошната евиденција во канцелариското работење?
- Влез на документација- како вршиме прием и распределба на истата?
- Колкаво е значењето на Правилниците за кадровски, технички и просторни услови за работа на документарните центри?
- Колку време е потребно да се чува документацијата?
- Кој закон и член го уредува правилниот изглед и издавање на фактурите?
- Како правилно да го евидентираме работно време и годишен одмор?
- Кој е поимот за вовед во основното сметководство ?
- Кои се најзначајните финансиски извештаи за работењето?
- Како да го применуваме електронско банкарско работење?
- Што значи да се биде вешт административен работник кој успешно се справува со конфликти?

ПРОГРАМА:

Прв дел
- Закон за архивски и канцелариски материјал;
- Заведување на акти и основна евиденција во канцелариското работење;
- Помошна евиденција во канцелариското работење;
- Прием, распоредување и доставување на акти;
- Воспоставување на ефикасен систем за управување со документи;
- Правилник за кадровски, технички и просторни услови за работа на документарните центри;
- Упатството за начинот на одбележување на документите со подолги рокови на користење.

Втор дел
- Работно време/ евиденција на работно време и годишен одмор;
- Закон за ДДВ, точка 2 член 53- правилно изготвување и издавање на фактури;
- Вовед во основното сметководство (благајничко работење, магацинско работење, работа со фискална каса и малопродажба, даноци и плата);
- Финансиски извештаи (Бруто биланс, Биланс на успех, Биланс на состојба);
- Електронско банкарско работење (следење и плаќање);
- Справување со конфликти со клиенти, градење на добри односи за соработка.

Семинарот ќе резултира:

- Подлабоко разбирање на пропишаните законски регулативи  за канцелариско и архивско работење;
- Административен работник кој подобро ќе го разбира архивското, канцелариското и финансиското работење- Вешт административен работник/ асистент;
- Правилен прием на влезната документација и нивна распределба во соодветните сектори на работа;
- Административен работник кој вешто се справува со конфликти со клиенти и гради добри односи за соработка;
- Точна евиденција на бележење на работно време и годишни одмори;
- Разбирање на основното финансиско/ сметководствено работење:
  1. Патен налог и правилна пресметка на дневници за службен пат во земјава и странство;
  2. Пресметка на плата/ евиденција на плата;
  3. Законски поставена фактура;
  4. Даноци и нивно подетално разбирање;
  5. Читање на финансиски извештаи.

Предавачи:

-м-р Валентина Тодоровска, магистер по економски науки, специјалност финансиски менаџмент, управител на „Акаунтинг Солушнс“ со 25-годишно искуство во областа на архивското работење.

- Мери Каровска, дипломиран економист со уверение за овластен сметководител издаден од ИСОС. Таа е предавач на семинари, работилници на различни теми, со посебен акцент од областа на сметководството и банкарството. Исто така, има искуство и како надворешен соработник и предавач во центрите за едукација „Achieve Global“ потоа „Link Across“ и Американ колеџ, Организацијата за заштита на потрошувачите на Македонија, Информиран корисник. Паралелно, триесет и две години работи со сметководство на здруженија, фондации и компании со различни дејности. Во поново време, соработува со буџетски институции. Има искуство и како финансов директор во ИТД „Дистрибуција“ - Скопје, една од водечките компании во ИТ-секторот кај нас, членка на „Инфософт“ Групацијата. Мери Каровска е управител на лиценцираната компанија за економско-сметководствени услуги „Каровска“ ДООЕЛ од Скопје.

За сите учесници на семинарот ќе биде обезбедено:
- работен материјал;
- ручeк и освежување;
- сертификат за присуство на семинарот.

Последен рок за пријавување: 16.12.2019 година.

Агенда на настанот Пријавен лист Пријави се електронски

Контакт лица:

Анита Митревска
++ 389 2 3244057

м-р Елизабета Андриевска-Ефтимова
++ 389 2 3244074

Стопанска комора на Македонија, ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13, 1000 Скопје
Контакт центар: (02) 15015

КАЛЕНДАР НА НАСТАНИ

Семинар, 12.12.2019
ЕФИКАСНО УПРАВУВАЊЕ СО ПРОЦЕСОТ НА ПРОДАЖБА
Семинар, 12.12.2019
УПРАВУВАЊЕ СО ОТСУСТВА И МОТИВАЦИЈА НА ВРАБОТЕНИТЕ
Семинар, 13.12.2019
ПРЕСМЕТКОВНИ ФОРМУЛИ И ФУНКЦИИ И ПИВОТ ТАБЕЛИ ВО КАНЦЕЛАРИСКОТО РАБОТЕЊЕ
Семинар, 13.12.2019
KPI - KEY PERFORMANCE INDICATOR (КЛУЧЕН ИНДИКАТОР ЗА ИЗВРШУВАЊЕ) Основи и како се дефинираат?
Семинар, 16.12.2019
ОСНОВИ НА GOOGLE ADS
Семинар, 16.12.2019
МЕТОДИ ЗА НАДМИНУВАЊЕ НА ПРОБЛЕМОТ НА ЗАДОЦНЕТА НАПЛАТА НА ПОБАРУВАЊА
Семинар, 17.12.2019
ПОДГОТОВКА НА ПРОЕКТИ ЗА ГРАНТОВИ ОД ЕУ И ДРУГИ ДОНАТОРСКИ ПРОГРАМИ
Семинар, 17.12.2019
ОТСТРАНУВАЊЕ НА РАБОТНИК ДО ДОНЕСУВАЊЕ ОДЛУКА ЗА ОТКАЗ НА ДОГОВОРОТ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ - СУСПЕНЗИЈА
Семинар, 18.12.2019
ВЕШТ АДМИНИСТРАТИВЕН РАБОТНИК - Архивско- канцелариско работење / Деловно- финансиско работење -
Семинар, 23.12.2019
АКТУЕЛНОСТИ ВО ПОГЛЕД НА ПРАВАТА И ОБВРСКИТЕ КОИ ПРОИЗЛЕГУВААТ ОД ПЛАЌАЊЕТО НА РАБОТАТА