Семинар 12.12.2019 УПРАВУВАЊЕ СО ОТСУСТВА И МОТИВАЦИЈА НА ВРАБОТЕНИТЕ

Стопанска комора на Македонија


   

Еднодневна работилница на тема:

УПРАВУВАЊЕ СО ОТСУСТВА И МОТИВАЦИЈА НА ВРАБОТЕНИТЕ

12.12.2019 година (четврток)
10:00 – 15:00 часот
Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат

 

Глобално, начинот на функционирање на компаниите постојано се менува. Со цел да се носи со промените, функцијата за управување со човечки ресурси треба да ги следи овие промени, и да се прилагоди, менувајќи го начинот на работење од класично кадрово-оперативно, кон стратешки насочено функционирање.

Управувањето со човечките ресури е функција која е директно поврзана со градењето и одржувањето на ефикасноста и ефективноста на компанијата/организацијата. Оваа функција е клучна во секоја организација и истата има улога да обезбеди дека вистинските лица се селектирани и регрутирани. Истовремено, управувањето со човечки ресурси подразбира создавање процедури и политики кои во својот фокус ги имаат вработените.

Отсуството од работа може значително да влијае врз ефикасноста на институцијата, но и врз директните трошоци за работодавачите. Трошоците за намален квалитет на работата или производството, како и зголемените трошоци за замена на отсутни вработени се во директна корелација со вкупните трошоци при реализација на работните процеси. Од особено значење на институциите, односно организациите е да можат да ги детектираат причините за отсуствата и да можат да определат дали тие се реални или не.

Мотивацијата е онаа која дава енергија, ја одржува и подобрува функционалноста и изведбата во работната средина. Стратешки гледано, во една работна средина каде што постои мотивираност кај вработените, голема е веројатноста за иновативност во работењето, остварување на резултати, квалитетно работење, и секако зголемена продуктивност. Практично, во една таква работна средина, помала е веројатноста за конфликтни ситуации помеѓу вработените, зачестени отсуства од работното место и одлив на работна сила.  Оттука произлегува дека многу е битно да научиме како да ги мотивираме нашите вработени. Индивидуалната мотивација всушност е клучниот фактор кој придонесува кон работењето на секој вработен. Клучното прашање кое секој вработен си го поставува е: што ме мотивира, или, уште побитно, што ме де-мотивира?/зошто се чувствувам дека сум под стрес?/ како да станам поотпорен?

Целта на семинарот е да се разработат темите кои се однесуваат на:
- Дефинирање на мотивацијата;
- Идентификување на важноста од мотивација на вработените;
- Опис на теории кои се однесуваат на мотивирање на вработените;
- Идентификување на типови на личности;
- Поставување јасни цел и алатки за мотивација.

Целна група:
Директорите/раководителите на секторите за човечки ресурси во компаниите, вработените во компаниите на раководни позиции, извршните асистенти и раководители кои имаат директно учество во процесот планирање на ресурси (човечки, технички и останати). како и за сите заинтересирани чиј предмет на работење е поврзан со темите на семинарот.

Предавачи:

1. Бранка Минчева-Коцевска – повеќе од 10 годишно работно искуство со креирање на политики за развој и управување со човечки ресурси во јавната администрација, со посебен акцент на принципите на добро владеење, ефективно управување со човечките ресурси и организациски развој.

2. Маргарита Иванова -  повеќе од 15 години искуство во процесот на развој на човечките ресурси, со посебен акцент на развој и испорака на методологии и програми за вештини за личен и професионален развој.

За сите учесници ќе биде обезбедено:
- работен материјал;
- ручeк и освежување;
- сертификат за присуство на семинарот.

Сите заинтересирани за учество на оваа работилница можат да се пријават најдоцна до 11.12.2019 година.

Агенда на настанот Пријавен лист

Контакт лица:

Анита Митревска
++ 389 2 3244057

Михајло Донев
++ 389 2 3244067

Стопанска комора на Македонија,
ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13,
1000 Скопје
Контакт центар: (02) 15015

КАЛЕНДАР НА НАСТАНИ

Бизнис средби, 09.06.2020
Он-лине Б2Б средби на тема: „Жените и мажите во градежниот сектор во Дунавскиот регион и пошироко: Соочување со новите предизвици“
Семинар, 11.06.2020
УПРАВУВАЊЕ СО СТРЕСОТ
Семинар, 17.06.2020
ДИЗАЈН НА ЕФИКАСНА ОРГАНИЗАЦИСКА ЛОГИСТИКА
Работилница, 18.06.2020
ИНТЕРНИ МЕРКИ ЗА СПРАВУВАЊЕ СО ЕФЕКТИТЕ ОД ОГРАНИЧУВАЊЕТО ИЛИ ПРЕКИНОТ НА РАБОТНИОТ ПРОЦЕС
Работилница, 24.06.2020
ОНЛАЈН АЛАТКА ЗА ЕФИКАСЕН РАЗВОЈ НА ЧОВЕЧКИОТ КАПИТАЛ НА КОМПАНИИТЕ
Семинар, 25.06.2020
ЕМОЦИОНАЛНО ИНТЕЛИГЕНТНО ЛИДЕРСТВО ЗА ВРЕМЕ НА ПАНДЕМИЈА
Семинар, 26.06.2020
ОТСУСТВО ОД РАБОТА СО НАДОМЕСТОК НА ПЛАТА
Семинар, 29.06.2020
ПРАКТИЧНА ПРИМЕНА НА ЕКСЕЛ (ФОРМУЛИ, ФУНКЦИИ, ПИВОТ ТАБЕЛИ И КОНТРОЛНИ ТАБЛИ) СО ПРИМЕРИ ВО МАГАЦИНСКОТО РАБОТЕЊЕ
Семинар, 02.07.2020
ОРГАНИЗАЦИЈА И РЕАЛИЗАЦИЈА, НА РАБОТЕЊЕТО ВО ПИСАРНИЦАТА, УПРАВУВАЊЕ СО СПИСИТЕ И АКТИТЕ ВО СОГЛАСНОСТ СО ПОТРЕБИТЕ НА ОРГАНИЗАЦИЈАТА
Конференција, 16.09.2020
КОНФЕРЕНЦИЈА И МЕЃУНАРОДНИ ДЕЛОВНИ СРЕДБИ - ЕЕН, 16-18 септември 2020 година, во Сараево, Босна и Херцеговина