Средби, Семинар, Обука, Настан
   
26.11.2019
Семинар
ОСОБИНИ КОИ ТРЕБА ДА ГИ ПОСЕДУВА СЕКОЈА ЖЕНА ЛИДЕР
Стопанска комора на Македонија, Македонија

Еднодневна специјалистичка работилница на тема:

ОСОБИНИ КОИ ТРЕБА ДА ГИ ПОСЕДУВА СЕКОЈА ЖЕНА ЛИДЕР

26.11.2019 година (вторник)
10:00-16:00 часот
Стопанска комора на Македонија, сала 4 на 5-ти кат

„Нема поголема поттикнувачка сила од силата на една жена“
(Маргарет Тачер)

Стопанската комора на Македонија, на 26 ноември 2019 година, организира еднодневна специјалистичка работилница на тема: „ОСОБИНИ КОИ ТРЕБА ДА ГИ ПОСЕДУВА СЕКОЈА ЖЕНА ЛИДЕР“.

Жената лидер е спој на интелигенција, убавина и љубезност. Според пишувањето на угледниот американски весник „The Washington Informer“, енормен е порастот на бројот на жени на челни позиции во големите мултинационални компании, меѓународни организации и во владите, со што се потврдува големиот лидерски капацитет на женските особини.

Според некои истражувања, жените се исто толку талентирани како и мажите, а најголеми предности им се интелегенцијата, убавината, шармот, интуицијата и снаодливоста. Жените се` повеќе ја преземаат улогата на лидер и стануваат се` помоќни во светот.

Целта  на работилницата:

Секоја жена која сака да направи промена треба да започне со самодовербата, самомотивацијата, односно да научи како да се грижи и за сама себе, за својот личен и професионален развој. Да научи како да биде она што е и да го искаже тоа што сака на најдобар начин.
За да постигнете личен успех, единствениот прав пат е да се гледате себе и да се натпреварувате со самата себе и секој ден да направите се` што е потребно за да  станете подобра верзија од себе.

За кого е наменета работилницата?

Специјалистичката работилница е наменета за жени топ менаџери, тим лидери, директорки, раководителки од сите нивоа во организацијата во сите сектори, како и за останатите вработени и лица кои сакаат да ги зголемат своите женски лидерски вештини.


ПРОГРАМА:


МОДУЛ 1:  7 ОСОБИНИ НА ПОСЕБНИТЕ ЖЕНИ И КОЈА Е ПРАВИЛНАТА НАДВОРЕШНА СЛИКА НА ДЕЛОВНИТЕ ЖЕНИ?

МОДУЛ 2: КАРАКТЕРИСТИКИ НА „ЖЕНСКИОТ“ СТИЛ НА ВОДСТВО

МОДУЛ 3: МАНИПУЛАЦИЈА И ОДБРАНА ОД МАНИПУЛАТОРИ

МОДУЛ 4: КОМУНИКАЦИСКИ ВЕШТИНИ И МЕЃУСЕБНИ ОДНОСИ


Начин и методи на работа за време на работилницата:

- Се работи во опуштена и позитивна атмосфера во вид на интерактивно учење и обука;
- Практични и лични примери;
- Методите кои ќе се применуваат се: предавање, brainstorming, студија на случај, играње улоги, групни вежби, набљудување, се` со цел едукацијата да биде што подинамична и да се пренесат што повеќе практични вештини.

Предавач:

-Драгица Корењак, дипломиран менаџер, независен консултант, мотиватор и експерт за продажба. Нејзините досегашни едукативни настани бележат посетеност од над 30.000 учесници, во 7 земји, наменети за професионално усовршување на вработени во секторите продажба, маркетинг, дистрибуција и логистика, како и за претприемачи, менаџери и студенти.
Менаџер е за управување со деловни системи, со повеќе од 30-годишно искуство во областа на маркетинг и менаџмент, стекнато како професор на Факултетот за деловни студии „Gea College“ во Словенија. Поранешен претседател на Агенција за осигурување во Словенија (Commercial Interest Association of Slovenian insurance companies) и поранешен менаџер на Првиот словенечки институт за осигурување, претседател на Alumni клубот и сенатор на ALMA MATER EUROPEA-ECM.

За сите учесници на специјалистичката обука ќе биде обезбедено:
- работен материјал;
- ручeк и освежување;
- сертификат за присуство на обуката.

Работен јазик и материјали: српски јазик.

Краен рок за пријавување: 20.11.2019 година.


Агенда на настанот Пријавен лист Пријави се електронски

Контакт лице:
м-р Елизабета Андриевска-Ефтимова
Телефон: ++ 389 2 3244074
Факс: ++ 389 2 3244088
Е-адреса: Beti@mchamber.mk
Контакт центар: (02) 15015

Контакт лице:
Анита Митревска
Телефон: ++ 389 2 3244057
Факс: ++ 389 2 3244088
Е-адреса: anita@mchamber.mk
Контакт центар: (02) 15015

Стопанска комора на Македонија, ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13, 1000 Скопје