Средби, Семинар, Обука, Настан
   
18.11.2019
Семинар
УСОГЛАСУВАЊЕ НА СМЕТКОВОДСТВЕНАТА СОСТОЈБА НА СРЕДСТВАТА И ОБВРСКИТЕ СО ФАКТИЧКАТА СОСТОЈБА УТВРДЕНА СО ПОПИС
Стопанска комора на Македонија, Македонија

Еднодневна работилница на тема:

УСОГЛАСУВАЊЕ НА СМЕТКОВОДСТВЕНАТА СОСТОЈБА НА СРЕДСТВАТА И ОБВРСКИТЕ СО ФАКТИЧКАТА СОСТОЈБА УТВРДЕНА СО ПОПИС -ПОДГОТВИТЕЛНИ АКТИВНОСТИ, ПРОЦЕДУРИ И ДАНОЧЕН ТРЕТМАН-

18.11.2019 година (понеделник)
10:00-16:00 часот
Стопанска комора на Македонија, сала 3 на 3-ти кат

 

Во насока на обезбедување соодветна подготовка за исполнување на законската обврска за извршување на попис, а во пресрет на законскиот рок кој истекува согласно 31.12.2019 година, Стопанската комора на Македонија, на 18 ноември 2019 година, организира еднодневна работилница на тема: „Усогласување на сметководствената состојба на средствата и обврските со фактичката состојба утврдена со попис-подговителни активности, процедури и даночен третман-“. 

Работилницата има за цел навремено да ги информира и подготви слушателите за сите елементи на постапката за спроведување попис и усогласување на сметководствената со фактичката состојба на средствата, како начин за обезбедување точни податоци врз основа на кои ќе се креираат услови за составување објективни финансиски извештаи и годишна сметка. Во текот на работилницата, ќе се направи преглед на правната регулатива која го засегнува пописот, со детално објаснување на сите потребни дејствија и процедури, користејќи се со практични примери на одлуки, решенија и извештаи, но и со дискусија во врска со најчестите прашања и дилеми кои се сретнуваат во текот на спроведувањето на пописот.

При разработката на темата, ќе се образложат подробностите на пописот кај профитните субјекти, како и кај буџетските корисници. Конечно, ќе се анализира и даночниот третман на разликите по спроведениот попис.

ПРОГРАМА

I. ПРАВНИ ПРОПИСИ И ПОДГОТВИТЕЛНИ АКТИВНОСТИ ЗА ВРШЕЊЕ ПОПИС КАЈ ПРОФИТНИ СУБЈЕКТИ
 
  - Закон за трговски друштва:
    · Поим на попис согласно законската регулатива;
    · Права и обврски на правните субјекти в.в. пописот;
  - Правилник за начинот за вршење на попис на средствата и обврските и усогласување на сметководствената со фактичката состојба утврдена со пописот, Министерство за     финансии;
  - Подготвителни дејствија и потврди на салда на побарувања и обврски.
  - Опфат на пописот и листа на дејствија кои треба да се спроведат;
  - Обврски на органите на управување;
  - Предмет на пописот:
    · Средства во сопственост на трговецот;
    · Средства кои не се во сопственост на трговецот;
    · Обврски на трговецот.
  - ПРАКТИЧНИ ПРИМЕРИ И ДИСКУСИЈА

II. ПРОЦЕДУРИ НА ВРШЕЊЕ НА ПОПИС И УСОГЛАСУВАЊЕ НА СОСТОЈБИТЕ КАЈ ПРОФИТНИ СУБЈЕКТИ
 
   - Утврдување отстапување помеѓу сметководствена и фактичка состојба и план за усогласување на сметководствената со фактичката состојба;
   - Начини на вршење попис:
     · Попис на одреден дел;
     · Постојан (перманентен) попис;
     · Попис со додавање и одземање;
     · Попис врз основа на примерок;
   - Содржина на пописни листи;
   - Извршување на попис;
   - Усогласување на состојба на попишани средства;
   - Пописни комисии;
   - ПРАКТИЧНИ ПРИМЕРИ И ДИСКУСИЈА.

III. ПОПИС КАЈ БУЏЕТСКИ КОРИСНИЦИ

   - Формирање пописна комисија и спроведување попис;
   - Процедури и активности;
   - Попис на опрема и ситен инвентар, залиха на материјали, парични средства и хартии од вредност, побарувања и обврски, туѓи основни средства;
   - Пописни листи;
   - Извештај за попис;
   - Евиденција на разлики по попис;
   - ПРАКТИЧНИ ПРИМЕРИ И ДИСКУСИЈА.
 
IV. ДАНОЧЕН ТРЕТМАН НА РАЗЛИКИ ПО ПОПИС

   - Оправдан и неоправдан кусок;
   - Кало, растур, крш и расипување;
   - Книжења – практична работач;
   - ПРАКТИЧНИ ПРИМЕРИ И ДИСКУСИЈА.

Предавачи:

- Сашка Бошковска Богдановска, овластен ревизор, овластен сметководител и овластен проценител во „БДО“ ДОО - Скопје, со практично работно искуство во областа на ревизија, сметководство, даноци и пресметка на плати и

- Викторија Спасовска-Симоноска, правен консултант, предавач на обуки, семинари и конференции со особен фокус на тематики од деловното и трудовото право.

За сите учесници ќе биде обезбедено:
- работен материјал;
- ручeк и освежување;
- сертификат за присуство на семинарот.

Сите заинтересирани за учество на оваа работилница можат да се пријават најдоцна до 13.11.2019 година.


Агенда на настанот Пријавен лист Пријави се електронски

Контакт лице:
Анита Митревска
Телефон: ++ 389 2 3244057
Факс: ++ 389 2 3244088
Е-адреса: anita@mchamber.mk
Контакт центар: (02) 15015

Контакт лице:
Михајло Донев
Телефон: ++ 389 2 3244067
Факс: ++ 389 2 3244088
Е-адреса: Mihajlo@mchamber.mk
Контакт центар: (02) 15015

Стопанска комора на Македонија, ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13, 1000 Скопје