ЕДЕН РЕГИОН
ЕДНА ЕКОНОМИЈА
Средби, Семинар, Обука, Настан
   
22.10.2019
Презентација
ПАМЕТНИ ГРАНИЦИ ЗА БЕСПРЕКОРНА ТРГОВИЈА, ПАТУВАЊА И ТРАНСПОРТ
Стопанска комора на Македонија, Македонија

Презентација на тема:

ПАМЕТНИ ГРАНИЦИ ЗА БЕСПРЕКОРНА ТРГОВИЈА, ПАТУВАЊА И ТРАНСПОРТ  

22 октомври 2019 година (вторник)
14:30-16:00 часот
Стопанска комора на Македонија, сала 4 на 5-ти кат

 

Во време кога бројот на патници и обемот на стоки кои преминуваат граница се очекува да растат од една страна и технологијата која ги трансформира економските текови во кои се развива Царината, членките на Светската царинска организација сe охрабруваат да размислуваат во насока како да обезбедат брзо и непречено прекугранично движење на стоки, луѓе и превозни средства.

За таа цел, Стопанската комора на Македонија во соработка со Царинската управа на Република Северна Македонија, водени од потребите за обезбедување континуирано подобрување и развој на стопанството, на 22 октомври 2019 година (вторник), организираат презентација на тема: „Паметни граници за беспрекорна трговија, патувања и транспорт“, како дел од предвидените активности во годишната агенда на Светската царинска организација (СЦО) (World Customs Organization - WCO) - независно меѓувладино тело чија мисија е да ги зајакне ефикасноста и ефективноста на царинската администрација.
 

Концептот на Паметни граници (SMART Borders) ја потенцира улогата на царинските управи во поддршката на Агендата за одржлив развој на Обединетите нации за 2030 година. Преку обезбедување на поедноставени, хармонизирани и стандардизирани процедури се обезбедува навремена испорака на суровини за индустријата, намалување на нелојалната конкуренција, а сето тоа отвора и нови можности за маргинализираните заедници да пристапат до нови пазари. Овој концепт се фокусира на 5 SMART принципи: Безбедност (Secure), Мерливост (Measurable), Автоматизирање (Automated), Управување со ризиците (Risk management) и Технологии (Technologies).      
 

Пред присутните свое обраќање ќе има д-р Кунио Микурија, генерален секретар на Светската царинска организација, директно вклучен во развојот на меѓународните царински инструменти, стандарди и алатки за обезбедување и олеснување на глобалната трговија, развивање царинско-деловно работење и градење капацитети за поддршка на царинската реформа и модернизација.

 ПРОГРАМА:

Време

Активност

14:00-14:30

Регистрација на присутни

14:30-14:35

Вовед

14:35-15:20

Излагање на тема: „Паметни граници за беспрекорна трговија, патувања и транспорт“, д-р Кунио Микурија, генерален секретар на Светската царинска организација

15:20-15:50

Дискусија (прашања и одговори)

Вашето присуство можете да го потврдите најдоцна до 18.10.2019 година, кај лицата за контакт: Михајло Донев, телефон: 3244 067, e-адреса: mihajlo@mchamber.mk и Анита Рафајловска, телeфoн: 3244 057, e-адреса: anita.mitrevska@mchamber.mk . 


Пријавен лист Пријави се електронски

Контакт лице:
Михајло Донев
Телефон: ++ 389 2 3244067
Факс: ++ 389 2 3244088
Е-адреса: Mihajlo@mchamber.mk
Контакт центар: (02) 15015

Контакт лице:
Анита Митревска
Телефон: ++ 389 2 3244057
Факс: ++ 389 2 3244088
Е-адреса: anita@mchamber.mk
Контакт центар: (02) 15015

Стопанска комора на Македонија, ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13, 1000 Скопје