Семинар / 30.10.2019 - 31.10.2019

ЕВИДЕНЦИЈА НА МАТЕРИЈАЛНО-МАГАЦИНСКО РАБОТЕЊЕ

Стопанска комора на Македонија


   

Дводневен семинар на тема:

ЕВИДЕНЦИЈА НА МАТЕРИЈАЛНО-МАГАЦИНСКО РАБОТЕЊЕ

30-31.10.2019 година (среда-четврток)
 10:00 – 15:00 часот
Стопанска комора на Македонија, сала 4 на 5-ти кат


Стопанската комора на Македонија, на 30 и 31 октомври 2019 година, организира двoдневен семинар на тема: „Eвиденција на материјално-магацинско работење“. Семинарот е наменет за  вработени кои се дел од финансиското и магацинското работење и кои би го дополниле потребното знаење - едните во делот на магацинското, а другите во делот на материјалното работење. Ако оваа соработка е целосна, компанијата би имала значително подобро работење, односно би се намалил ризикот од евентуални кусоци во магацините и би се надминала ситуацијата на нецелосно познавање на магацинско-материјалното работење, а сметководителите и магационерите ќе станат вистински тимски соработници, разбирајќи се и соработувајќи меѓусебно. А несакните ситуации? Лесно би се справиле со истите, кои понекогаш се јавуваат од секаков вид во магацинското работење.

Кои прашања ќе ги зафатиме, разгледаме и одговориме:
• Што се сметководствени политики (accounting policies) и која е поврзаноста со МСС 2 (Меѓународните сметководствени стандарди 2)?
• Кај кои производи МСС 2 (Меѓународните сметководствени стандарди 2) не се применува за мерење на залихи?
• Кои се трошоците за набавка, а кои трошоци за конверзија кај залихите?
• Како да ги евидентираме стоките на големо, а како на мало?
• Дали е неопходно да имаме Процедура за магацинско/ материјално работење?
• Дали е неопходно да имаме Правилник за попис?
• Кој не треба да е вклучен директно во пописот?
• Како да постапиме при евентуален кало, растур или крш или расипување на артиклите, во трговијата?
• Како да се порамни магацинот при евентуален кусок или вишок утврден по попис?
• Што добиваме со воспоставување на процес во магацинот: управување, контрола и квалитет?
• Зошто е значајна тимската соработка помеѓу секторот финансии и магацините?

ПРОГРАМА


I ден

Меѓународен сметководствен стандард 2 (МСС 2), Залихи:
- Дефиниции;
- Мерење на залихите, вреднување на залихите, методи кај залихите;
- Набавна вредност на залихите;
- Признавање како расход.

Сметководствени политики (accounting policies):
Меѓународен сметководствен стандард 8.5 (МСС 8.5) и  поврзаноста со Меѓународен сметководствен стандард 2 (МСС 2).

Системи на евидентирање на залихите на големо и мало:
- Периодичен и перманентен систем на евидентирање на залихите;
- Евидентирање на набавка и продажба на залихите;
- Контен план - класа 3, залиха на суровини, материјали, резервни делови и ситен инвентар;
- Контен план - класа 6, залиха на производство, готови производи, стоки, нетековни средства кои се чуваат за продажба и прекинато работење;
- Стоки на пат, стоки во транзит, стоки во продавница, стоки во туѓ склад, стоки на залиха;
- Приемен лист во трговија, на мало (ПЛТ) - влез на стоките во продавница.

Прирачник / Работна инструкција за материјално и магацинско работење:
- Структура на магацините во компанијата.

Магацинско работење:
- Артикли (стока);
- Магацинска картичка;
- Лагер листа;
- Магационер - одговорност кон работењето;
- Соработката помеѓу вработените во магацинот и сметководството.

Поставување процес во магацинот:
- Управување;
- Контрола.

II ден

Правилник за попис („Службен весник на РМ“, бр. 107 од 10.8.2011 година):
- Одлука за попис;
- Упатство за вршење попис;
- Одлука за формирање комисии за попис;
- Извештај од Комисијата за извршен попис на трговска стока;
- Одлука за резултати од пописот;
- Одлука за усвојување на извештајот за попис на залихи на трговска стока.

Правилник за нормирани износи на кало, растур, крш и расипување во трговијата („Службен весник на РМ“, бр. 174 од 25.11.2014 година):

Разлики по попис:
- Кусок;
- Вишок.

Попис во магацин:
- Практични искуства од попис и пописни комисии – споделување;
- Квалитет во работењето.

Попис во продавници:
- Практични искуства од попис и пописни комисии во продавници - споделување.

Средства за безбедна и непречена работа во магацин:
- Подвижни;
- Неподвижни;
- Безбедност во магацинот.



Семинарот ќе резултира:
• Подлабоко разбирање на пропишаните законски регулативи за материјално- магацинското работење;
• Магационер кој ја разбира финансиската - сметководствена поврзаност со магацинот,
• Сметководител кој го разбира магацинското работење и поврзаноста со финансиско- сметководственото работење;
• Правилен и точен попис;
• Намален ризик од евентуални кусоци.

Предавачи:

- Мери Каровска, дипломиран економист со уверение за овластен сметководител издадено од ИСОС. Таа е предавач на семинари, работилници на различни теми, со посебен акцент од областа на сметководството и банкарството. Исто така, има искуство и како надворешен соработник и предавач во центрите за едукација „Achieve Global“ потоа „Link Across“ и Американ колеџ, Организацијата за заштита на потрошувачите на Македонија, Информиран корисник. Паралелно, триесет и две години работи со сметководство на здруженија, фондации и компании со различни дејности. Во поново време, соработува со буџетски институции. Има искуство и како финансов директор во „ИТД Дистрибуција“ - Скопје, една од водечките компании во ИТ-секторот кај нас, членка на „Инфософт“ Групацијата. 
Мери Каровска е управител на лиценцираната компанија за економско-сметководствени услуги „Каровска“ ДООЕЛ од Скопје и

- Владимир Ѓорѓиев,  менаџер со долгогодишно работно искуство во магацинско работење и логистика („Дрога“ - Колинска, „Виндија“, „ИТД Дистрибуција“, „Аптив“) и искуство во работење со повеќе различни ЕРП системи во делот на магацинското работење (HELIX, SAP, Microsoft Navision, MIS, CFMA), како и дефинирање на процесни статуси на документи во работењето (приеми, испратници, профактури, фактури). Исто така има големо работно искуство во  креирање на работни инструкции, обука на вработени, инструкции за заштита при работа, примена на различни стандарди и процеси (FIFO, HACCP,ISO 9001), организирање, учество во вонредни и редовни пописи (месечни, тромесечни, полугодишни , годишни, ненајавени).

За сите учесници на семинарот ќе биде обезбедено:
- работен материјал;
- ручeк и освежување;
- сертификат за присуство на семинарот.

Рок за пријавување: 25.10.2019 година.

Агенда на настанот Пријавен лист Пријави се електронски

Контакт лица:

Анита Митревска
++ 389 2 3244057

Михајло Донев
++ 389 2 3244067

Стопанска комора на Македонија, ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13, 1000 Скопје
Контакт центар: (02) 15015

КАЛЕНДАР НА НАСТАНИ