Семинар / 21.10.2019

ДЕВЕТ НАЧИНИ ЗА ИМПЛЕМЕНТАЦИЈА НА СОПСТВЕН МОДЕЛ ЗА СПРАВУВАЊЕ СО СТРЕСНИ СИТУАЦИИ НА РАБОТНО МЕСТО, ПРОМЕНА НА ПРИОРИТЕТИ И ШИРОК ОБЕМ ВО РАБОТЕЊЕТО „RESILIENCE MANAGEMENT 2019 – МЕТОДОЛОГИЈА“

Стопанска комора на Македонија


   

Еднодневен семинар:

ДЕВЕТ НАЧИНИ ЗА ИМПЛЕМЕНТАЦИЈА НА СОПСТВЕН МОДЕЛ ЗА СПРАВУВАЊЕ СО СТРЕСНИ СИТУАЦИИ НА РАБОТНО МЕСТО, ПРОМЕНА НА ПРИОРИТЕТИ И ШИРОК ОБЕМ ВО РАБОТЕЊЕТО
„RESILIENCE MANAGEMENT 2019 – МЕТОДОЛОГИЈА“

28.10.2019 година (понеделник)
9:30-15:30 часот
Стопанска комора на Македонија, сала 3 на 3-ти кат

Во современиот свет, работните задачи и одговорноста на работното место претставуваат континуиран процес кој влијае врз секој вработен, без разлика на работна позиција, времетраењето на работното место, како и начинот на реализација на работни активности. Во тековното работење имаме ефект на постојани промени што може значително да влијае врз нашето здравје, среќа и општа благосостојба.

Оваа обука е развиена за да создаде можност за имплементација на неколку едноставни, реални и практични стратегии кои можете да ги спроведувате за да го намалите стресот и да градите лична и професионална флексибилност/еластичност (resilience management).

Стрaтегиите (неколку начини за креирање на сопствен модел за справување со стресни ситуации) може да помогнат како поддршка на подобрувања во физичкото, менталното и емоционално здравје, истовремено работејќи на сопствено унапредување во контекст на реализација на деловните цели. Овие елементи даваат модел за градење поголема т.н. еластичност, што природно ќе го намали ризикот за создавање на стресни ситуации.

Во текот на предавањата, ќе откриете како брзо да го стекнете знаењето во однос на улогата на емоциите во управувањето со стресот. Научете како да ја развивате Вашата емоционална флексибилност/еластичност и користете ја оваа вештина на работа. Во текот на оваа интерактивна и практична обука ќе добиете конкретно знаење преку вежби за решавање на тековните ситуации и унaпредување на сопственото работење.

 
Целта на семинарот е да се разработат темите кои се однесуваат на:

• Предмет, цел и содржина на процесот на Resilience Management;
• Kако да се справите со емоциите поврзани со промените и непознатите или непредвидливите околности;
• Откријте колку реалниот оптимизам помага во процесот на справување со стрес;
• Истражете ги стратегиите за акција за развој на Вашата лична флексибилност;
• Како да управувате со стресот и промените на работното место со висока емоционална свест;
• Улога на оптимизам во развој на флексибилност/еластичност и управување со стресот;
• Флексибилност/еластичност кај колегите на поединечно, тимско и организациско ниво;
• Предизвици за управување со оперативната флексибилност/еластичност;
• Пристап за подобрување на процесот и напреден модел за управување со оперативната еластичност;
• Планирање без напор;
• Т.н. Лоши избори и недостаток на граници – сопственост на одговорност;
• Недостаток на емоционална свест;
• Позитивен пристап и размислување за промени во однесувањето;
• Техники за намалување на т.н. хроничен стрес.


ПРОГРАМА:


Дел 01/3: Проактивна или реактивна комуникација?
- Влијанието на стресот врз физичкото и менталното здравје;
- Кои се реалните знаци за почеток на т.н. стресна состојба;
- Како да управувате и да го намалите сопствениот стрес;
- Широк обем во работните активности, како причина за стресна состојба;
- Промена на приоритети во единица време;
- Професионалната компетентност и снаодливост не се гаранција за намален стрес;
- Психологијата на комуникација, вербални и невербални стратегии за комуникација.

Дел 02/3: Вашето работно место v.s. Resilience Management

- Идентификација на сопственото знаење/вештини;
- Клучни карактеристики: јасност, фокус, внимание, точност и способност за учење;
- Зголемете ги менталните и емоционалните предиспозиции;
- Подобрување на процес  на донесувањето на одлуки;
- Подобрување на комуникациските вештини кои ги подобруваат професионалните односи;
- Долготрајна заштита од кумулативните ефекти на стресот;
- Алатки за промовирање на ефективна комуникација и зајакнување на вештини;
- Развивање на вештини за емоционално самостојно управување.

Дел 03/3: Систем на вредности и компетентност како работна пракса

- Деловна активност и правилно донесување на одлуки;
- Самооценување и идентификација на причините и ефектите од стресот;
- Учење за организацијата и начинот на работа;
- Зајакнат реален оптимизам избалансиран со сопствен став;
- Пофлексибилен, прилагодлив и позитивен пристап кон промените;
- Подобрени вештини за креативност за решавање на проблеми;
- Разбирање за придобивките од креирање на сопствен модел;
- Вештини кои можат да помогнат во намалувањето на вознемиреноста на работното место;
- Систем на вредности, експертско знаење и компетентност;
- Подобрено разбирање на личните граници и како тие можат да се зајакнат.


Целна група

Раководителите и вработени на ниво на главни процеси, вработените во компаниите во сектор маркетинг, човечки ресурси, продажба, како и за сите заинтересирани чиј предмет на работење е поврзан со темите на семинарот, како и за сите оние кои во своите компании и институции сакаат да ги подобрат и да ги унапредат техниките на  ефективно и ефикасно работење, да се информираат со последните актуелности и новини во рамките на Resilience Management, како и извршните асистенти и раководители кои имаат директно учество во процесот на управување.

Предавач:
     
Михаил Китановски, интернационален бизнис и менаџмент консултант во 25 земји, со 22   годишно искуство за повеќе од 700 клиенти и воедно управител на „Д2ЕМ КОНСАЛТИНГ“ ДООЕЛ – Скопје.

За сите учесници на семинарот ќе биде обезбедено:
- работен материјал;
- ручек и освежување и
- сертификат за присуство на семинарот.

Краен рок за пријавување: 25.10.2019 година.

Агенда на настанот Пријавен лист Пријави се електронски

Контакт лица:

Анита Митревска
++ 389 2 3244057

Михајло Донев
++ 389 2 3244067

Стопанска комора на Македонија, ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13, 1000 Скопје
Контакт центар: (02) 15015

КАЛЕНДАР НА НАСТАНИ