ЕДЕН РЕГИОН
ЕДНА ЕКОНОМИЈА
Средби, Семинар, Обука, Настан
   
16.10.2019
Презентација
ПРЕЗЕНТАЦИЈА НА МОЖНОСТИ И ПРОГРАМИ ЗА ПОДИГАЊЕ НА КОНКУРЕНТНОСТА НА КОМПАНИИТЕ
„Кожувчанка“ - Кавадарци, Македонија

Почитувани,
  

Стопанската комора на Македонија во соработка со Европската банка  за обнова и развој (ЕБОР), ве покануваат на Презентација на можностите и програмите за подигање на конкурентноста на компаниите.

На настанот ќе биде презентирана Финансиската програма за поддршка на конкурентноста на мали и средни претпријатија (МСП) која има за цел да им помогне на МСП да ги идентификуваат нивните инвестициски барања за надградба кон усогласување со Приоритетните директивни на ЕУ.

Програмата го комбинира пристапот до финансии, поддршка со грантови и бесплатна техничка поддршка за реализирање на инвестицијата. Развиена е од Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), а грантовите и техничката поддршка се финансирани од Европската унија (ЕУ).

Претставници од Стопанската комора на Македонија ќе ја презентираат  Enterprise Europe Network (EEN) – најголемата мрежа на бизнис можности која има за цел да ги понуди сите облици на деловна поддршка на малите и средни претпријатија преку поддршка во наоѓање соодветни бизнис партнери во Европа и пошироко, користејќи ја базата за бизнис соработка на EEN. Мрежата делува во 60 земји од Европа и пошироко, во која членуваат над 600 партнерски организации и над 3000 искусни професионалци.

Настанот ќе се одржи на 16 октомври 2019 година (среда), со почеток во 11:00 часот, во „Кожувчанка“ - Кавадарци.

Ве молиме, Вашето присуство задолжително да го потврдите најдоцна до 14 октомври 2019 година (понеделник), кај лицето за контакт: м-р Ивана Крстевска, е–адреса: ivana@mchamber.mk и на телефон: 3244-051.

Во прилог на Поканата е Агендата за настанот.

 


Агенда на настанот Пријави се електронски

Контакт лице:
Ивана Крстевска
Телефон: ++ 389 2 3244051
Факс: ++ 389 2 3244088
Е-адреса: Ivana@mchamber.mk
Контакт центар: (02) 15015








Стопанска комора на Македонија, ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13, 1000 Скопје