Тренинг обука 24.10.2019 ЛИДЕРСКИ ВЕШТИНИ - Како да ги унапредите лидерските вештини и успешно да ги водите своите соработници? -

Стопанска комора на Македонија, сала 4, 5-ти кат


   

         

Стопанската комора на Македонија во соработка со D.R Gilbert Centar Group ДОО Белград, Р.Србија, на 24 октомври 2019 година, организира еднодневна специјалистичка обука на тема:  ЛИДЕРСКИ ВЕШТИНИ - Како да ги унапредите лидерските вештини и успешно да ги водите своите соработници?


„Начинот на кој вработените ги третираат муштериите, е одраз на начинот на кој нив ги третира раководството.“


Зашто ја препорачуваме оваа обука?

          Бидејќи на работа има многу шефови, а многу малку прави лидери. Додека првите се ориентирани на форма(позиција, титула) и ги бараат својте права, правите лидери се насочени на достигнување, резултати, мисија и поголеми цели. Правите лидери се ориентирани на одговорност, а не на својте права. Тие драстично може да го променат квалитетот и продуктивноста на една организација.

За кого е наменета обуката?

          Специјалистичката обука е наменета за топ менаџери, директори и раководители од сите нивоа и сектори во организацијата, менаџери и вработени во секторите за човечки ресурси, како и за други лица кои сакаат да ги зголемат своите лидерски вештини.

ПРОГРАМА:


МОДУЛ 1. ЗНАЧЕЊЕТО НА ЛИДЕРСТВОТО ВО СОВРЕМЕНОТО РАБОТЕЊЕ
1.1. Запознавање со агентот и целите на обуката;
1.2 .Улогата и феноментот ЛИДЕР;
1.3. Основни функции на лидерството;
1.4. Разлика помеѓу лидер и раководител.
МОДУЛ 2. КАКО УСПЕШНО ДА ГО МОТИВИРАТЕ ТИМОТ?
2.1. Стимулација и мотивација на тимот;
2.2. Техники и препораки за успешна мотивација на соработниците;
2.3. Лидерска харизма.
МОДУЛ 3. КАКО УСПЕШНО ДА ВОДИТЕ ТИМ?
3.1. Емоционална интелигенција на лидерот;
3.2. Вештини за водење на успешен состанок;
3.3. Типови соработници во работата со тимовите;
3.4. Поделба на улогите во тимот.
МОДУЛ 4. КАКОВ Е НАШИОТ ЛИДЕРСКИ СТИЛ?
4.1. Лидерски стилови (управувачки, инструкторски, влијателен и соработувачки);
4.2. Лидерство и промена;
4.3. Предности и недостатоци на одредени лидерски стилови.
Евалуација на специјалистичката обука и доделување сертификати.

Предавач:
-Драгиша Ристовски (D.R Gilbert), со повеќе од 25-годиншно практично работно искуство на различни позиции од комерцијалист на терен до директор. Како тренер за работни вештини почнува да работи од пред 15 години, а денес е експерт за дирекна продажба, преговарање, мотивација на вработенините и лидерство. Автор е на 15 книги, бестселерите „Губат само оние кои не играат“ и „Арена за продажба“, објавени под псевдонимот D.R Gilbert. Подоцна следуваат книгите: „Добиваат сите оние кои играат“, „Лидерот е во Вас“, „Продажен ринг“, „Мапа на успехот“, „Вештина на влијанија“, „Како да ги унапредитие своите преговарачки вештини“, „Како да станете ефикасен менаџер за продажба“, „101 техника за влијание“, „21 Зошто и само едно Како“, „Арена на продажба на 21. век“, „Добар говор вреди повеќе од 1000 зборови“, „Лидерски исчекор во иднината“ и „Еден повик менува се`“. Во работните кругови е познат како енергичен предавач, кој на своите семинари и тренинзи со својата позитивна енергија константно го задржува вниманието и ги мотивира слушателите.
Основач е и директор на D.R Gilbert Centar Group DOO D.R Gilbert Consulting и HR Professional Solution. Константно работи за унапредување на продажбата во повеќе реноморани компании ширум регионот. Во текот на својата кариера одржал повеќе од 3.000 семионари, тренинзи и предавања во сите поранешни југословенски републики, на коишто учествувале повеќе од 60.000 слушатели, и тоа од повеќе од 1.500 компании: Банка интеса, „Хемофарм“, „Coca Cola“, Hellenic, Ерсте Банка, „Бош“, „Триглав“, „Перутнина“ – Птуј, „Фиат“, „ДМ“ и  Lilly дрогерија, „Галеника“, „Неопланта“, „Меркур“ и уште многу други банки, осигурителни и прозиводствени компании, дистрибутивни центри и др.
Од 2011 година соработува и со Мокрогорската школа за менаџмент, држи обуки за продажни вештини. Активно е гостин на многу светски познати предавања и конференции.


За сите учесници на специјалистичката обука ќе биде обезбедено:
 - работен материјал;
 - ручeк и освежување;
 - сертификат за присуство на обуката.

Работен јазик и материјали: српски јазик.

Рок за пријавување: 15.10.2018 година.

Агенда на настанот Пријавен лист

Контакт лица:

м-р Елизабета Андриевска-Ефтимова
++ 389 2 3244074

Михајло Донев
++ 389 2 3244067

Стопанска комора на Македонија,
ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13,
1000 Скопје
Контакт центар: (02) 15015

КАЛЕНДАР НА НАСТАНИ

Семинар, 21.07.2020
ИНКОТЕРМС 2020 - РАЗБИРАЊЕ И ПРАВИЛНА ПРИМЕНА НА ПРАВИЛАТА-
Online Бизнис средби, 27.07.2020
Покана за учество на „виртуелен“ настан и билатерални деловни средби на тема: CONNECTO 2020 - 28-30.07.2020 година, Интера-Технолошки парк, Мостар, БиХ
Семинар, 28.07.2020
ЕЛЕКТРОНСКА ТРГОВИЈА И ИНТЕРНЕТ-ПРОДАЖБА, ОТВОРАЊЕ Е-ПРОДАВНИЦА, РАЗВОЈ И ПРОДАЖБА
Семинар, 10.09.2020
ОРГАНИЗАЦИЈА И РЕАЛИЗАЦИЈА, НА РАБОТЕЊЕТО ВО ПИСАРНИЦАТА, УПРАВУВАЊЕ СО СПИСИТЕ И АКТИТЕ ВО СОГЛАСНОСТ СО ПОТРЕБИТЕ НА ОРГАНИЗАЦИЈАТА
Конференција, 16.09.2020
КОНФЕРЕНЦИЈА И МЕЃУНАРОДНИ ДЕЛОВНИ СРЕДБИ - ЕЕН, 16-18 септември 2020 година, во Сараево, Босна и Херцеговина
Семинар, 18.09.2020
Практична примена на Ексел (формули, функции, пивот табели и контролни табли) со примери во магацинското работење
Online Бизнис средби, 18.11.2020
УЧЕСТВО НА „ВИРТУЕЛЕН“- БРОКЕРСКИ НАСТАН И БИЛАТЕРАЛНИ СРЕДБИ НА ТЕМА: „ БЕ@СММ2020-ВМРЕЖУВАЊЕ ВО ПАМЕТНАТА ПРЕРАБОТУВАЧКА ДЕЈНОСТ 2020“