ЕДЕН РЕГИОН
ЕДНА ЕКОНОМИЈА
Средби, Семинар, Обука, Настан
   
19.06.2019 - 20.06.2019
Бизнис средби
Co-Matching билатерални средби, 19 и 20 јуни 2019 година во Коаџели, Турција
Коаџели, Турција

Почитувани,

На 19 и 20 јуни 2019 година во Коаџели, Турција, се организираат Co-Matching билатерални средби, во организација на Стопанската комора на Македонија Турција (МАТТО), Doğu Marmara ABİGEM и Трговско индустриска комора на Коџаели со Европска претприемачка мрежа.

Компаниите на Б2Б деловните средби ќе можат да ги презентираат производите, проектите и услугите на водечките индустриски компании, да развиваат деловни мрежи, да воспостават нови трговски и технолошки соработки и да остварат проектни партнерства. Брошурата за настанот Ви ја проследуваме во прилог.

Во рамките на настанот, турските компании можат да ги угостат преставниците на компаниите од странство и во нивните фирми.

Пријавените компании се од следните сектори сектори:

- Автомото делови;
- Металска и машинска индустрија;
- Пластика и гума;
- Гуми;
- Хемиски производи (бои и лакови за автомобили и средства за одржување);
- Градежништво и градежни материјали;
- Енергетика;
- Човекова околина;
- Електрика и електроника;
- Туризам;
- Недвижнини.

На првиот ден од настанот ќе се остварат посети на водечките компании од регионот и на странските учесници ќе им се овозможи на лице место и од првата рака да се запознаат со  деловната клима во индустријските зони на Коџаели. На вториот ден од настанот турските и странските компании ќе имаат пожност да остварат билатерални средби во Стопанска комора на Коџаели. 

За бесплатно учество на билатералните средби можете да се регистрирате на https://co-matching2019.b2match.io во делот “Register”. За да ја погледнете листата на учесници на домашни и странски компании на истиот линк во делот “Participants”.

Трошоците за сместување (3 ноќевања во хотел со 5 звездички) е за 1 учесник од компанија, и го финансира Министерство за економија на Република Турција под услов да се работи за купувачи.

За да ја искористите оваа субвенција, Ве замолуваме да го пријавите Вашето учество најдоцна до 31 мај 2019 година, со пополнување на Пријавен лист - Application Form For International Buyer Mission Program, Пријавен лист, и со ваш потпис да се прати електронски до: м-р Ивана Крстевска на е-адреса: ivana@mchamber.mk  или на  телефон: ++ 389 2 3244 051 и до sekreterlik@matto.com.mk.

Потоа треба електронски да се регистрирате на веб-страната на настанот на следниот линк: https://co-matching2019.b2match.io, до 14.6.2019 година за да направите избор на компании со кои ќе остварите Б2Б средби.

Исто така треба да ги приложите и вашето време на слетување (ден и час) од вашите авио билети за да ве превземат со организиран превоз од аеродром.
Во прилог се програмата и дополнителни информации за настанот.

Успешното пријавување е предуслов за учество на овој настан.

 


Пријавен лист Пријави се електронски

Контакт лице:
Ивана Крстевска
Телефон: ++ 389 2 3244051
Факс: ++ 389 2 3244088
Е-адреса: Ivana@mchamber.mk
Контакт центар: (02) 15015

Контакт лице:
Ирена Мојсовска
Телефон: ++ 389 2 3244009
Факс: ++ 389 2 3244088
Е-адреса: irena.mojsovska@mchamber.mk
Контакт центар: (02) 15015

Стопанска комора на Македонија, ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13, 1000 Скопје