ЕДЕН РЕГИОН
ЕДНА ЕКОНОМИЈА
Средби, Семинар, Обука, Настан
   
25.06.2019
Семинар
НОВИНИ ВО ПРЕКРШОЧНАТА ПОСТАПКА НИЗ ПРИЗМА НА НОВИОТ ЗАКОН ЗА ПРЕКРШОЦИТЕ
Стопанска комора на Македонија, сала 4, 5-ти кат, Македонија

 

Eднодневен семинар на тема:

НОВИНИ ВО ПРЕКРШОЧНАТА ПОСТАПКА НИЗ ПРИЗМА НА
НОВИОТ ЗАКОН ЗА ПРЕКРШОЦИТЕ
 
- ОСВРТ НА ПРАВАТА И ОБВРСКИТЕ НА СТОРИТЕЛИТЕ НА ЦАРИНСКИ ПРЕКРШОК -
(Сл.Весник на РСМ бр.96/19 од 15.5.2019 година)

25 јуни 2019 година
10:00 -16:00 часот
Стопанска комора на Македонија, сала 4 на V кат

   
          Имајќи предвид дека на 17 мај 2019 година стапи на сила новиот Закон за прекршоците (Сл.весник на РСМ бр.96/19), Стопанската комора на Македонија, на 25 јуни 2019 година организира еднодневен семинар на тема: „Новини во прекршочната постапка низ призма на новиот Закон за прекршоците (Сл.весник на РСМ бр.96/19 од 15.5.2019 година)“.
          Семинарот е наменет за сите приватни компании кои во текот на своето работење може да сторат прекршок од било каков вид, а особено за оние компании кои се учесници во царинските постапки (во својство на увозници / извозници / застапници-шпедитери / превозници и др.).

Целта на семинарот:

          Целта на овој семинар е компаниите да се запознаат со целите, новините и очекуваните ефекти од новиот Закон за прекршоците, правата и обврските кои ги имаат сторителите на прекршок во прекршочната постапка, а пред се дејствијата кои истите треба да ги преземат во моментот на сторување на прекршок како и во натамошниот тек на постапката, а воедно да се запознаат со погодностите кои за сторителите на прекршок ги нуди новиот Закон за прекршоците споредбено со стариот закон, со крајна цел компаниите што поуспешно да ги заштитат своите права и интереси во прекршочната постапка
           
ПРОГРАМА

ВАЖНИТЕ НОВИНИ ВО ЗАКОНОТ ЗА ПРЕКРШОЦИТЕ:

- Нови начела и правила за одмерување на глобата;
- Лимитирана (условена) надлежност на прекршочните органи за водење прекршочна постапка и изрекување на прекршочни санкции до одреден износ на пропишана глоба;
- Престанок со работа на второстепената Државна комисија;
- Тужба до Управниот суд има суспензивно дејство;
- Нови рокови на застареност за водење на прекршочната   постапка и нови рокови за извршување;
- Нови прекршочни санкции;
- Нови (значајно намалени) износи на глоби;
- Нова постапка за порамнување и прецизирана постапка за спогодување;
- Нови и прецизирани правила за ублажување на глоба и за изрекување на опомена, како и за ослободување од прекршочна одговорност;
- Прецизирана постапка за плаќање на глобата на рати;
- Поедноставен начин на достава на Писмената на прекршочниот орган до странките;
- Прецизирана постапка за враќање на привремено задржани предмети.

Предавачи:
Предавачите се еминентни експерти од областа на управното право и царинско-прекршочната постапка, со долгогодишно искуство во развојот на управно-правниот и казнено-правниот систем во Македонија. Истите се дел од тимот изготвувачи на новиот Закон за прекршоци.

•  Проф. д-р Ана Павловска Данева, редовен професор на Правниот факултет „Јустинијан Први“ - Скопје;

•  Методи Мицевски, началник на Одделение за прекршоци при Царинската управа на Република Северна Македонија;

За сите учесници на семинарот ќе биде обезбедено:
- работен материјал;
- ручeк и освежување;
- сертификат за присуство на семинарот.

Последен рок за пријавување: 21.6.2019 година.


Агенда на настанот Пријавен лист Пријави се електронски

Контакт лице:
Елизабета Андриевска-Ефтимова
Телефон: ++ 389 2 3244074
Факс: ++ 389 2 3244088
Е-адреса: Beti@mchamber.mk
Контакт центар: (02) 15015

Контакт лице:
Михајло Донев
Телефон: ++ 389 2 3244067
Факс: ++ 389 2 3244088
Е-адреса: Mihajlo@mchamber.mk
Контакт центар: (02) 15015

Стопанска комора на Македонија, ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13, 1000 Скопје