Неделен коментар
   
Неделен коментар
08.11.2019 👁 Прочитано: 350

КАКО ТРЕБА ДА СЕ МЕНУВААТ ДАНОЦИТЕ?


М-р Зоран Јовановски
Биографија
М-р Зоран Јовановски
Главен советник на Управниот одбор
на Стопанската комора на Македонија
за економски прашања

Примената на прогресивниот данок замрзна, а дебатата се вжешти. Но, ова не е текст за предностите и слабостите на прогресивниот или рамниот данок. Ова е текст за нешто што треба да ги обединува сите системи на оданочување – начинот на кој тие се воведуваат!

Истиот ден кога министерката за финансии на прес конференција објавуваше дека се замрзнува примената на прогресивниот данок, во Министерството за финансии се одвиваше презентација на две анализи. Една за ефектите од прогресивното оданочување и една за аспекти на ДДВ (прагот за физички лица, итн.), направени од двајца надворешни советници на министерката. На презентацијата присуствуваше прилично репрезентативна група, вклучително академик, претставници на неколку стопански комори, претставници на меѓународната заедница и на меѓународни финансиски организации во земјава, индивидуални експерти, итн. Покрај другите работи, една од констатациите кај двете анализи беше дека начинот на кој своевремено биле воведувани конкретните даночни измени не бил најсоодветен. Тука се мисли на елементи како што се отсуство на навремена и опфатна комуникација со јавноста за намерите и очекуваните ефекти од измените, многу краток период на располагање на фирмите и граѓаните да се подготват за измените и да ги вградат очекуваните ефекти во своите планови, многу краткиот период до почетокот на примена на новата даночна регулатива, итн. Ова не значи дека сите елементи задолжително отсуствувале кај двете разгледувани даночни измени.

Имајќи го сето ова предвид добро е повторно да се навратиме на една многу важна идеја што Стопанската Комора на Македонија во континуитет ја промовира уште од почетокот на годинава. Кога започна редовната рубрика Неделен коментар на веб страната на Комората на средината од февруари, мојот прв текст беше насловен „Даночен календар“.

Да се потсетиме дека станува збор за предлог-системска мерка што е многу едноставна. Како би функционирал Даночниот календар? Најдоцна до 30 јуни во текот на календарската година би биле донесени и објавени во Службен весник даночните прописи со кои се утврдуваат нови одредби или се менуваат и дополнуваат постојните одредби поврзани со даноците што ги управува Управата за јавни приходи. Примената на вакви даночни измени би започнала на почетокот од наредната календарска година. И, изменетите даночните прописи што се во сила на почетокот на годината не би можеле да се менуваат најмалку една година од денот на започнување на нивната примена, освен во случаите кога се прават промени во даночниот систем што се поповолни за даночните обврзници и значат намалување на даночните обврски. 

Ова значи дека на крајот од првата половина од тековната календарска година ќе се спушти рампата за промени во даночната регулатива. Фирмите ќе имаат половина година да се подготват за промените пред да започне нивната примена и патем ќе можат квалитетно да ги направат своите финансиски планови за наредната календарска година. И, кога ќе почне наредната календарска година, фирмите ќе знаат дека ништо нема да се менува цела година. Потоа, циклусот ќе се повторува доколку има нови даночни промени. Во една реченица кажано, даночниот календар ја дефинира временската рамка за промена и примена на било каква измена кај даноците.

Се разбира, воведувањето на даночниот календар не ја елиминира потребата од квалитетна и навремена комуникација за даночната проблематика помеѓу фискалните власти и бизнис заедницата. Таа треба да постои во секоја варијанта и доследно да се почитува, без оглед на можните разлики во гледиштата, бидејќи така ќе бидат слушнати разновидните погледи и сé ќе може навремено да се земе во разгледување и да се анализира од страна на дизајнерите на економските политики за да на крајот се добие најдоброто решение околу даноците. 

За да не остане ова само посакуван концепт и ништо повеќе од тоа, на 01 ноември, Стопанската комора на Македонија формално ја достави до Министерството за финансии Иницијативата за воведување на даночен календар. Во Иницијативата е вградено и комплетно правно решение за формално-правно вградување на даночниот календар во постојната законска регулатива.

Претходно, во октомври, на средба со бизнисмени во полна сала во Стопанската комора на Македонија, министерката за финансии искажа подготвеност за прифаќање и имплементирање на даночниот календар. Прифаќањето на Иницијативата и нејзината промптна примена ќе значи воведување на систем што ќе го направи економскиот амбиент многу попредвидлив и приватниот сектор многу полесно ќе може да носи одлуки за инвестиции и отворање на нови работни места. Иницијативата е доставена, ја чекаме реакцијата.

Зголемување на минималната плата, про и контра

ДУИНГ БИЗНИС И БИЗНИСОТ

ДАТУМ НЕМА, ДА СЕ ДЕПРИМИРАМЕ ИЛИ ДА СЕ МОТИВИРАМЕ?

СВЕТСКА БАНКА, ПРОДУКТИВНОСТА, МАКЕДОНСКАТА ЕКОНОМИЈА, ГЛОБАЛНИТЕ ТРГОВСКИ ВОЈНИ

ГОЛЕМИ РИБИ ВО МАЛ АКВАРИУМ

ПРВАТА ГОЛЕМА ГЛОБАЛНА ЛЕКЦИЈА ЗА МАКЕДОНСКАТА ЕКОНОМИЈА

РЕБАЛАНС НА БУЏЕТОТ

ИНТЕРЕСНИ ФАКТИ ЗА МАКЕДОНСКИТЕ ФИРМИ

ВАЖЕН МОМЕНТ ЗА МАКЕДОНСКАТА ИНДУСТРИЈА

БУРА ВО СВЕТСКАТА ЕКОНОМИЈА, КАКО ЌЕ СЕ СПРАВИМЕ СО ПОСЛЕДИЦИТЕ?

56ТИ ВО СВЕТОТ СПОРЕД ВЛАДЕЕЊЕ НА ПРАВОТО

ВЛАДЕЕЊЕТО НА ПРАВОТО НЕ Е САМО ЗА СУДИИТЕ И АДВОКАТИТЕ

ЛУД, ЗБУНЕТ, НОРМАЛЕН...

ДОАЃААТ ПОТЕШКИ ВРЕМИЊА ЗА НЕЕКОЛОШКИ БИЗНИСИ

ДА СЕ ЧЕКА ВО ЧЕКАЛНАТА ИЛИ НЕШТО ДА СЕ ПРАВИ?

РАЗУМНОСТ ВО ПРАКСА

ШТО НЕ Е ДОБРО И ТРЕБА ДА ЗАПРЕ?

ШТО Е ДОБРО И ТРЕБА ДА ПРОДОЛЖИ?

КАКО ГЛЕДА ЕВРОПСКАТА КОМИСИЈА НА ЕКОНОМИИТЕ ОД ЗАПАДНИОТ БАЛКАН?

ИМА УШТЕ МНОГУ РАБОТА КАЈ ПОЛИТИКИТЕ ЗА МАЛИ И СРЕДНИ ПРЕТПРИЈАТИЈА

МАЛИТЕ И СРЕДНИ ПРЕТПРИЈАТИЈА ВО ЗАПАДНИОТ БАЛКАН

ДА СИ ПОВТОРИМЕ

МАКЕДОНСКОТО ЗЕМЈОДЕЛСТВО – ПРАШАЊА ШТО БАРААТ ОДГОВОРИ

НИШТО НЕ Е НЕВОЗМОЖНО

ПРАЗНИЦИТЕ И ЕКОНОМИЈАТА

ВАЖНИ ПОРАКИ ЗА ЗАПАДЕН БАЛКАН ОД „САРАЕВО БИЗНИС ФОРУМ 2019“

КОЈ КОЛКУ РАСТЕ ЕКОНОМСКИ ВО ЗАПАДЕН БАЛКАН?

БИЗНИС СЕКТОРОТ И НАСЕЛЕНИЕТО СЕКОГАШ ГО НАОЃААТ РАЦИОНАЛНИОТ ПАТ

ЧЕТИРИ СТРАТЕШКИ ОДЛУКИ ЗА ЕКОНОМСКИОТ РАСТ

СИРОМАШНА ДРЖАВА СО НЕИСКОРИСТЕНИ РЕСУРСИ

ПРЕТСЕДАТЕЛОТ И ЕКОНОМИЈАТА

ПОПИСОТ КАКО ОСНОВА ЗА ВАЖНИ ЕКОНОМСКИ ОДЛУКИ

НАЦИОНАЛЕН КОНСЕНЗУС ОКОЛУ ЕКОНОМСКИОТ РАСТ

ЕКОНОМСКА ФИЛОЗОФИЈА ШТО МОТИВИРА ИЛИ ДЕМОТИВИРА

Што е, всушност, Коморскиот инвестициски форум?

ДАНОЧЕН КАЛЕНДАР