СВЕТСКАТА ТРГОВСКА ОРГАНИЗАЦИЈА ЈА ПРЕЗЕНТИРАШЕ Е-БИБЛИОТЕКАТА ЗА „РАСПОРЕД НА СТОКИ“
➢ Актуелно (21.09.2020)
👁 Прочитано: 484



СВЕТСКАТА ТРГОВСКА ОРГАНИЗАЦИЈА ЈА ПРЕЗЕНТИРАШЕ Е-БИБЛИОТЕКАТА ЗА „РАСПОРЕД НА СТОКИ“

На 17 септември 2020 година, Светската трговска организација ја лансираше Е-библиотеката за распоред на стоки, нова интернет-платформа која обезбедува пристап до илјадници датотеки и правни инструменти што ги содржат тарифите и другите обврски направени од членовите на СТО во нивните распореди за концесии. Е-библиотеката, каталогизира и обезбедува директен пристап до илјадници страници на распореди на концесии, вклучувајќи ги и резултатите од тарифните преговори на Уругвајската рунда, распоредите за кои се преговара во контекст на пристапувањето кон СТО и повеќе од 600 измени што се договорени од членките од основањето на СТО во 1995 година до денес.

Новата е-библиотека, исто така, обезбедува за прв пат во електронски формат, голема колекција на историски распореди според Општиот договор за тарифи и трговија (ГАТТ) 1947 година, вклучувајќи документи кои датираат од 40-тите години на 20-тиот век.

Распоредот на концесии на СТО, честопати нарекуван и „распоред на стока“, е правен инструмент што го опишува третманот што членка на СТО мора да го обезбеди на другите членки, вклучувајќи ги и т.н. „врзани давачки“ (т.е. максималните нивоа на давачки што треба да се применуваат при увоз на производи со потекло од други членки на СТО). Распоредите се составен дел од ГАТТ и Договорот за СТО, а секоја членка на СТО мора да има една. Тие се типично приложени кон Протоколот од Маракеш на ГАТТ 1994 или на Протоколот за пристапување и претставуваат една од главните алатки на СТО за да се обезбеди транспарентност, безбедност и предвидливост за светската трговија.

Распоредите на стоки се живи документи кои биле изменети повеќе од 600 пати од основањето на СТО во 1995 година. Повеќето од овие измени беа дискутирани и договорени од членките да ги одразуваат амандманите на Конвенцијата за хармонизиран систем на Светската царинска организација (СЦО), нови концесии што произлегуваат од секторските преговори како што се Договорот за информатичка технологија (ИТА) и проширувањето на ИТА, повторни преговори за концесии според член XXVIII од ГАТТ 1994 и други видови исправки и измени според т.н. „Постапки од 1980 година“.

Новата е-библиотека за распореди на стоки ги надополнува документите преку Интернет, како и постојните бази на податоци и извештаи на СТО, со значително олеснување на пристапот до правните инструменти и обезбедување алатки за анализа на информациите по член и вид на постапка. Исто така, става на располагање специјализирани ресурси, вклучително и извештаи на Секретаријатот на СТО за релевантни прашања, одлуки донесени од членови на СТО, процедури, па дури и видеа со објаснување и други референтни материјали.

Е-библиотеката во моментов е достапна на англиски јазик и може да се види на следниот линк: https://goods-schedules.wto.org/ .

Служба за информирање при Комората