Норвешки „STATKRAFT” гради лебдечкa соларнa постројкa во Југоисточна Албанија
➢ Актуелно (05.08.2020)
👁 Прочитано: 967



Норвешки  „STATKRAFT” гради лебдечкa соларнa постројкa во Југоисточна Албанија

Водечката норвешка компанија за хидроенергија - „Statkraft” која е и најголем производител на обновливи извори на енергија во Европа е присутна во Албанија преку нејзините подружници и ќе отпочне со изградба на лебдечка соларна постројка со максимален капацитет од 2 MW на резервоарот Бања во југоисточна Албанија.

Компанијата по обезбедување на сите регулаторни одобренија, отпочнува со градба на првата фаза од проектот на лебдечката соларна постројка Океан - Сонце.

Проектот е со вкупна инвестиција од околу 2 милиони евра (2,26 милиони американски долари), и ќе опфати две фази на изградба.

Во првата фаза, што се очекува да биде завршена во четвртиот квартал на 2020 година, снабдувачот на „Statkraft”, норвешки развивач на соларна технологија, ќе испорача комплетен пловечки систем од 0,5 MWp DC  во резервоарот.

Во втората фаза во 2021 година „Statkraft” ќе додаде дополнителни три пловни единици од 0,5 MWp со што вкупниот сончев капацитет на резервоарот Бања ќе достигне 2 MWp.

Служба за информирање при Комората