БЕСПЛАТЕН ,,ОНЛАЈН”- СЕМИНАР ЗА ПОДДРШКА НА КОМПАНИИТЕ
👁 Прочитано: 995



БЕСПЛАТЕН ,,ОНЛАЈН”- СЕМИНАР ЗА ПОДДРШКА НА КОМПАНИИТЕ

Стопанската комора на Македонија, во соработка со Асоцијацијата на германските комори за трговија и индустрија (DIHK), на 6 јули 2020 година организираше бесплатен „онлајн“-семинар на тема: Кризен менаџмент, финансиски и фискални мерки. Семинарот беше во реализација на „CONFIDA“ консалтинг компанија од Белград, Р.Србија, а презентер беше Надица Младеноска-Крцкоста, долгогодишен даночен консултант и сопственик на Економско-правното биро „Компанија НМ“ од Скопје.

Целта на бесплатниот „онлајн“-семинар беше на домашните компании да им се презентираат информации во врска со финансиските и фискалните мерки преземени од Владата на Република Северна Македонија за справување со кризата предизвикана од корона вирусот Ковид-19, како и разменување на досегашното искуство од примената на истите.
На семинарот, на почетокот беа презентирани сетот економски мерки од страна на Владата на РСМ, каде што целта беше давање поддршка на стопанството, пред сè во задржувањето на работните места, одржувањето на социјалната стабилност за полесно справување со кризата, заживување на домашните економски дејности и создавање услови за нова развојна македонска економија.

Темата на вториот дел беше од областа на финансиските мерки преземени од страна на Владата на Република Северна Македонија и тоа добивање поволни кредити од страна на Развојнатата банка наменети за микро, мали и средни претпријатија; кофинансирани грантови за технолошки развој; субвенции за едукација и обуки; финасирање на инвестициони проекти, одложување на кредити кај комерцијалните банки и друго.

Во третиот дел беа опфатени фискалните мерки и мерките за ликвидност и тоа преку ослободување од плаќање на износот на аконтации на данокот за личен доход и на аконтации за данок на добивка за месеците март, април, мај, јуни и јули 2020 година, како и намалување на ратата и репрограмирање на кредитите кај финансиските друштва и лизинг-компаниите.  

Како мерка за ликвидност беше директната помош од 14.500 денари бруто плата за секој вработен и субвенционирање на придонесите на вработените во компаниите од секторите туризам, транспорт, угостителство и други компании погодени од пандемијата Ковид-19.

Следна тема обработена на овој семинар беше Мерката за вработените, односно давање помош на спортистите од 14.500 денари за месеците април и мај и тоа директни средства за спортиситите и спортските работници за да ги сочуваат работните места, помош за уметниците, финансиска помош добија и физичките лица кои вршат самостојна дејност, намалување на авторските хонорари, задолжително користење на првиот дел од годишниот одмор, работа од дома и останати мерки за вработените лица.
Како последни теми согласно програмата на овој семинар, беа Административните мерки односно забраната за отворање на стечајна постапка, издавање на е-фактура, запирање на Законот за извршување до крајот на јуни 2020 година, право на паричен надомест на работниците кои останале без работа преку Агенцијата за вработување.
И како последна мерка од страна на Владта на РСМ, а и како тема од овој семинар беше Финасиската поддршка со ваучери за туризмот на вработени лица со низок доход, односно на лица со примања под 15.000 денари, за што  беа изготвени листи на корисници од страна на Управата за јавни приходи, а доставени до Генералниот секретаријат на Владата на РСМ, односно до Министерството за економија. Дополнително беа донесени и други протоколи за заштита од Ковид-19 пандемијата и тоа за водење на состаноци, за работата на трговските  центри, хотелите, ресторантите, продавници и сл.

Сите овие мерки и протоколи беа прифатени или неприфатени од страна на компаниите на РСМ, па затоа и на овој семинар беа споделени неколку искуства од истите од страна на слушателите кои беа и дел од најпогодените сетори туризам и угостителство. Лично искуство од мерките од Владата споделија Ана Јанчева-Дидановска од хотел „Дрим“ - Струга и Анна Марковиќ-Герасимовска од  TA „Mацсун Травел ДОО“– Скопје, кои што како и останатите се со надеж дека ќе следат и нови подобри сет мерки со цел полесно справување со кризата предизвикана од светската пандемија.

М-р Елизабета Андриевска-Ефтимова
советник во Стопанска комора на Македонија