Здравственото осигурување на „Кроација“ покрива лекување во која било домашна болница, но и приватни клиники од Европа, Христина Џамбазовска Анастасов, Директор на Сектор за управување со деловни процеси, преземено дел од интервјуто за factor.mk

   

➤ ОД КОМПАНИИТЕ (04.06.2020)
👁 Прочитано: 810


Здравственото осигурување на „Кроација“ покрива лекување во која било домашна болница, но и приватни клиники од Европа, Христина Џамбазовска Анастасов, Директор на Сектор за управување со деловни процеси, преземено дел од интервјуто за factor.mk

Кризата која ја затекна целата економија секако ќе има последици и на осигурителната индустрија како дел од финансискиот пазар во Македонија. Намалената активност на секојдневните бизнис-процеси која резултираше со намалени капацитети на компаниите, како и со зголемување на  процентот на невработеност во државата, секако очекуваме дека ќе влијае и на растот на осигурувањето. Но, сепак, од друга стана пак, осигурителниот сектор засега е ликвиден и стабилен, а нашите  очекувања, во рамките на анализите кои ги правиме во Компанијата, се одржување на премијата за осигурување на ниво на годишните планови, односно адекватен раст. Основа за ваквиот оптимизам е фактот дека во 2020 година, и покрај вонредната состојба изминатиов период, „Кроациа Осигурување“ бележи  раст на премијата и добивката во однос на минатата година, без ревидирање на условите кон нашите интермедијари, туку само врз основа на поставување на квалитетна нова основа за раст и развој во Компанијата на клиентски ориентиран пристап и новините кои ги воведовме во изминативе 6 месеци. Ќе напоменам дека клучна улога имаше реорганизацијата во Компанијата, како и сертификацијата по ИСО-стандард за квалитет, која ја заокруживме минатиот месец, а со која Компанијата станува висококвалификувана за работа по стандарди за квалитет, и во односот со осигурениците, но и во процесите на решавање на штети. На кратко, растот e квалитативен, со намалени аквизициски и административни трошоци, што и беше наша цел.
 Фактот дека пред крајот на минатата година го зајакнавме и капиталот на Компанијата за 74 милиони денари е солиден показател за плановите на брендот „Кроациа“ во осигурителниот сегмет. Докапитализацијата беше во вистинско време и секако ќе ни овозможи дополнително стабилно работење, вложување во развој на Друштвото, како обезбедување на сигурност и заштита на сите наши клиенти, бидејќи тоа сега е потребно повеќе од кога било.
Стратешка цел на „Кроациа Осигурување“ е грижа и сигурност за вработените, но и развој, вложување и едукација на нов потенцијален кадар кој во иднина би ја водел компанијата.
Овој период активно сме насочени на дигитална трансформација на процесите и услугите, но клучна улога во тој процес се повторно нашите вработени и токму поради тоа одлучивме да ја прошириме Компанијата со нова енергија и нови луѓе.
На глобално ниво сите држави се соочуваат со многу голем предизвик во борбата со оваа пандемија, чиј исход во голема мера го засега јавниот интерес и здравјето на сите граѓани. Во една ваква ситуација, сите ресурси на државата мора да се стават во функција на процесите кои ќе ги контролираат тестирањето, изолациите и сите активни случаи, со цел целосна контрола врз состојбата. Поради овој факт, државата не може да си дозволи лицата да бидат оставени сами на себе во случај да заболат од Ковид-19 и истите да се лекуваат во приватни здравствени установи. Сепак, ние како компанија која е фокусирана кон промени и задоволување на потребите на нашите клиенти, решивме во рамките на сите индивидуални и семејни пакети да покриеме тестирање од Ковид-19 во болниците и лабораториите со кои имаме договор. Во рамките на лимитите договорени на полисата, сите осигуреници кои веќе имаат склучено индивидуално или семејно, како и сите оние кои ќе склучат, ќе можат со најава преку нашиот Контакт центар да закажат тестирање. На нашите осигуреници им стојат на располагање сите тестови, зависно од нивните потреби. Се надеваме дека со оваа одлука ќе придонесеме кон подобра заштита на здравјето на нашите осигуреници.
 
 

Целото интервју на https://faktor.mk/intervju-dzambazovska-