„БИМИЛК“ ГО ОДБЕЛЕЖА ДЕНОТ НА МЛЕКОТО СО ДОНАЦИЈА ВО ЗАВОДОТ ЗА РЕХАБИЛИТАЦИЈА НА ДЕЦА И МЛАДИНЦИ

   

➤ ОД КОМПАНИИТЕ (01.06.2020)
👁 Прочитано: 1272


„БИМИЛК“ ГО ОДБЕЛЕЖА ДЕНОТ НА МЛЕКОТО СО ДОНАЦИЈА ВО ЗАВОДОТ ЗА РЕХАБИЛИТАЦИЈА НА ДЕЦА И МЛАДИНЦИ

По повод 1 Јуни – Светскиот ден на млекото, „Битолска млекара“ донираше производи за задоволување на потребите на децата кои се згрижени во Заводот за рехабилитација на деца и младинци – Скопје.

– „Бимилк“ како општествено одговорна компанија отсекогаш во фокусот ги имала децата и нивниот правилен раст и развој. Под мотивот да создадеме подеднакви услови за сите, фокусирани приоритетно на потребите на децата, нивното згрижување и овозможување услови за слободно растење и развивање, го одбележуваме денешниот ден, денот на млекото и сакаме да потсетиме за важноста на млекото, неговите придобивки и да не заборавиме на најважното, дека сите деца заслужуваат исти услови за безгрижно растење, изјави Полексена Јанкуловска, регионален маркетинг менаџер во „Бимилк“.

– Снабдувањето со неопходните производи од „Битолска млекара“ е од големо значење за нас, како институција што згрижува деца и младинци на дневна основа и интернатски, за што упатуваме голема благодарност. Донациите и помошта од општествено одговорните компании, како „Бимилк,“ се клучни за непречено функционирање на Заводот, затоа потребна ни е поддршка и се надеваме дека и други компании ќе го следат овој пример, рече директорот на Заводот, Фатмир Ејупи.

Веќе традиционално, компанијата „Бимилк“ на хуманитарен начин го одбележува Светскиот ден на млекото со донации за повеќе организации и здруженија, водејќи сметка, како што велат, за доброто здравје на социјално ранливите категории, особено за децата.

Превземено од: МИА.МК