ОДОБРЕН ПАКЕТОТ ПОМОШ ЗА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА И ДРУГИТЕ СОСЕДНИ ЗЕМЈИ НА ЕУ
Пакет финансиска помош од Европската унија
ОДОБРЕН ПАКЕТОТ ПОМОШ ЗА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА И ДРУГИТЕ СОСЕДНИ ЗЕМЈИ НА ЕУ

Советот на ЕУ попладнево го одобри пакетот финансиска помош за десет соседни земји, меѓу кои и Северна Македонија. Пакетот помош изнесува над три милијарди евра макрофинансиска помош за земјите од Западниот Балкан, плус Грузија, Јордан, Молдавија, Тунис и Украина.

Северна Македонија треба да добие 160 милиони евра помош. Најголем износ е предвиден за Украина, со 1,2 милијарди евра.

Помошта земјите ќе ја добијат во облик на заеми под поволни услови за да се справат со најитните последици од кризата со коронавирусот.

– Заедно со Меѓународниот монетарен фонд, овие фондови ќе помогнат да се зајакне макрофинансиската стабилност и да се создаде простор да се овозможи овие ресурси да бидат насочени кон заштита на граѓаните и ублажување на негативните социоекономски последици од пандемијата на коронавирусот, соопшти Советот на ЕУ

Превземено од: МИА.МК

Јадранка Аризанковска
виш советник во Стопанска комора на Македонија