Халкбанк денес авансно го уплати данокот на добивка за 2019 година
👁 Прочитано: 3901



Халкбанк денес авансно го уплати данокот на добивка за 2019 година

Халкбанк АД Скопје во текот на денешниот ден во целост го уплати данокот на добивка

Банката во текот на денешниот ден го уплати данокот на добивка во висина од 71.8 милиони денари со цел да се даде придонес во зголемување на ликвидноста на буџетот на државата во време на криза.

Оваа информација денес на својот Фејсбук профил ја објави Министерката за финансии, Нина Ангеловска.

Со овој потег, банката настојува да придонесе за поголема ликвидност на државата и нејзиниот буџет, а со тоа и да го зголеми капацитетот на државните органи за обезбедување на сите потребни мерки и активности за заштита на здравјето на граѓаните и обезбедување континуитет во функционирањето на виталните процеси во општеството.

#ВажниСеЛуѓето

#СедиДома