КАЈ ДАНИ ЗА СИТЕ МААНИ!
👁 Прочитано: 649



КАЈ ДАНИ ЗА СИТЕ МААНИ!

- Во АКТУЕЛНО, за влијанието на Корона вирусот на македонските компаниите и за можните негативни последици и за влијанието врз туризмот како една од дејностите кај која има првично највидливо негативно влијание и за препораките како овој сектор да биде поддржан од државата.

Здружението на градежништвото при Стопанската комора на Македонија дискутирајќи по новиот Закон за урбанистичко планирање порачува дека за доследна примена дури и на најдобрите законски решенија потребни се подзаконски решенија кои на јасен и недвосмислен начин ќе ја доуредат материјата, како и доследна примена на овие прописи од страна на надлежните државни органи и општините.

- М-р Зоран Јовановски во рубриката ПОРАКА ОД.. пишува за важноста на регионалната економска соработка во насока на побрзи евроинтеграции на Западен Балкан. Во тој контекст и за важноста на „Копаоник бизнис форум“ како регионален собир и како форма која е одлична алатка за зголемување на свеста за потребата од регионална економска соработка, за контакти, нови познанства и бизнис партнерства.

- Преку веб-порталот на Комората на дневна основа ви нудиме информации и за други видови содржини.

Стопанската комора на Македонија има една цел - стабилен деловен амбиент, со цел компаниите да остварат раст на продуктивноста, конкурентноста, поголем извоз. Крајниот резултат е РАЗВОЈ. А развојот носи напредок.

Постоиме за Вас!