КАЈ ДАНИ ЗА СИТЕ МААНИ!
👁 Прочитано: 475



КАЈ ДАНИ ЗА СИТЕ МААНИ!

- Во АКТУЕЛНО, за динамичната агенда на последниот ден на „Копаоник бизнис форум 2020“, на кој централна тема е четвртата индустриска револуција, можностите и придобивките од истата.

Ø На Балканскиот ДАВОС, согласно актуелните состојби, панел-дискусија и за хотелскиот бизнис на ЗБ, за новоотворени капацитети, за последиците од затворање на локални авиокомпании, за корона вирусот.

Ø И предизвиците и развојот на српските компании, потребата за реструктурирање на компаниите во државна сопственост се тема на Копаоник.

Ø Влијанието на климатските промени, градежништвото, земјоделството, иднината на образованието, спречувањето на одливот на мозоци - неизбежни теми.

Ø Меѓународната арбитража и Индустријата 4.0. - панел на којшто ќе се обрати и Илија Митрев Пенушлиски, Македонец, кој живее и работи во Париз.

- М-р Наташа Јаневска, во рубриката ПОРАКА ОД... акцент става на значењето на дуалното образование - важна алка во процесот, преку која ќе се мотивираат учениците за стекнување стручни вештини како основен предуслов кој го бара бизнисот. Србија и Црна Гора веќе имаат успех. Затоа ние мора ДА ГО САКАМЕ ТОА ШТО ТРЕБА ДА ГО ПРАВИМЕ, А НЕ ДА ГО ПРАВИМЕ ТОА ШТО ГО САКАМЕ, пишува Јаневска.

- Преку веб-порталот на Комората на дневна основа ви нудиме информации и за други видови содржини.

Стопанската комора на Македонија има една цел - стабилен деловен амбиент, со цел компаниите да остварат раст на продуктивноста, конкурентноста, поголем извоз. Крајниот резултат е РАЗВОЈ. А развојот носи напредок.

Постоиме за Вас!