„РАПИД БИЛД“ – ПЕРСПЕКТИВНОСТ, УСПЕШНОСТ И ВИЗИЈА

   

👁 Прочитано: 1138


„РАПИД БИЛД“ – ПЕРСПЕКТИВНОСТ, УСПЕШНОСТ И ВИЗИЈА

„РАПИД БИЛД“ – ПЕРСПЕКТИВНОСТ, УСПЕШНОСТ И ВИЗИЈАРАПИД БИЛД е перспективна и развојно ориентирана градежна компанија која изведува градежни проекти во сите сегменти на градежништвото – станбени, деловни, индустриски објекти, магистрални гасоводи, атмосферски и фекални канализациони системи, патна инфраструктура и други видови градежни објекти. Брзото и квалитетно извршување на услугите, високата технолошка опременост, почитувањето на стандардите за квалитет и стручниот тим подготвен да одговори на барањата на клиентите се главните одлики на РАПИД БИЛД која денес претставува реномирана компанија во градежниот сектор.

Компанијата посветува внимание на сите фази во реализацијата на проектите (истражување, анализа, детални цртежи, конструкција) како предуслов за нивна ефикасна и навремена имплементација. Досега, РАПИД БИЛД има стекнато бројни референци во високоградбата, а во моментот акцентот на градежните активности на компанијата е ставен на изведбата на магистралните гасоводи, делница Неготино (Кавадарци) – Битола и делница Скопје – Тетово – Гостивар, како и на изведба на Главниот доводен цевковод за наводнување од системот “Равен-Речица”.

Во претходните три години, РАПИД БИЛД ДОО успешно ги заврши проектите од Националниот магистрален гасоводен систем, делница Клечовце – Блок станица 5 и ГМРС Неготино и делница Блок станица 5 – Неготино со ГМРС Штип и ГМРС Неготино.

„РАПИД БИЛД“ – ПЕРСПЕКТИВНОСТ, УСПЕШНОСТ И ВИЗИЈАд-р Татјана Штерјова, директор на Дирекција и Нена Николовска од Здружението на градежништвото, индустријата на градежни материјали и неметали остварија работна средба со генералниот менаџер на компанијата Горан Аспровски, на која меѓу другото, се дискутираше за прашањата од витално значење за градежништвото. Во таа насока беше истакнато дека обезбедувањето на стручен кадар според потребите на бизнисот во моментот е од приоритетно значење во градежниот сектор и е предуслов за натамошен развој на компаниите. Во рамки на дискусијата беше изразена подготвеност на компанијата преку активностите на Комората да се вклучи и да придонесе за краткорочно надминување на проблемот поврзан со недостигот на стручен кадар, додека Стопанската комора на Македонија потребно и понатаму да продолжи долгорочно да го третира и решава предметното прашање.

На работната средба со претставниците на Комората беше разговарано и за тековните иницијативи на Стопанската комора на Македонија, проектните активности и ангажмани на Комората, како и за идните планирани активности на компанијата и предизвиците при нејзиното натамошно надградување и развој.

м-р Нена Николовска