ГРИЖАТА ЗА ОПШТЕСТВОТО И ПРИДОНЕС КОН РАЗВОЈОТ, ПРИОРИТЕТ НА ЦЕМЕНТАРНИЦА УСЈЕ А.Д. СКОПЈЕ

   

👁 Прочитано: 635


ГРИЖАТА ЗА ОПШТЕСТВОТО И ПРИДОНЕС КОН РАЗВОЈОТ, ПРИОРИТЕТ НА ЦЕМЕНТАРНИЦА УСЈЕ А.Д. СКОПЈЕ

Потпредседателката на Стопанската комора на Македонија (СКМ) д-р Јелисавета Георгиева-Јовевска и Ана Стерјовска од Комората остварија посета на Цементарница УСЈЕ АД Скопје и имаа средба со Борис Хрисафов, главен извршен директор на компанијата.

На средбата, главниот извршен директор на компанијата Хрисафов ги презентираше плановите и фокусот на кој е посветена компанијата - континуираните инвестиции во модернизација на производството и минимизирање на влијанието врз животната средина. На годишно ниво вложувањата во овие процеси изнесуваат помеѓу 3,5 и 4 милиони евра. Презентирани беа и континуираните активности во сегментот на грижата за вработените кој опфаќа инвестиции во едукација - подобрување на знаењата и вештините, како и во здравјето и безбедноста при работа. Покрај тоа, се спроведуваат активности за промовирање на професионалниот развој на вработените, како и стипендирање на образованието и  едукации на членовите на семејствата на вработените.

УСЈЕ е препознатлива во јавноста особено во локалната заедница по своите програми за општествена одговорност. Главниот извршен директор Хрисафов, ги истакна досегашните резултати од реализацијата на овие иницијативи за унапредување на можностите за вработување на младите и соработката со локалните училишта и универзитети во спроведување разни активности во областа на квалитетното образование и заштита на животната средина. Во УСЈЕ  редовно се спроведува и практикантска работа во специјално адаптирана училница за практична обука на нови кадри. Покрај тоа, стана збор и за соработката со невладини организации во областа на животната средина, како и ангажирањето на вработените во дел од активностите на заедницата за садење дрвја, чистење на отпадот и користење на алтернативни средства за транспорт.

Во изминатите 6 децении речиси и да не постои објект со капитално значење за развојот на земјата што не е изграден со цемент произведен во УСЈЕ, која како фабрика за производство на цемент датира од 1955-та година. Главна дејност на Цементарница Усје е производство на цемент, и тоа Портланд цемент  (во согласност со стандардите MKS и EN-197-1).

ГРИЖАТА ЗА ОПШТЕСТВОТО И ПРИДОНЕС КОН РАЗВОЈОТ, ПРИОРИТЕТ НА ЦЕМЕНТАРНИЦА УСЈЕ А.Д. СКОПЈЕ

Располагајќи со капацитети за производство, Цементарница УСЈЕ покрај локалниот пазар ги снабдува и пазарите во регионот:  Косово, Албанија и Бугарија.

Покрај финансиската одржливост, приоритет на Цементарница УСЈЕ се и еколошките и социјалните аспекти и продолжува да создава вредности за сите засегнати страни.

Цементарница УСЈЕ е активна членка во органите и телата на Стопанската комора на Македонија и според податоците за извозните топ 100 компании за 2018-та година се наоѓа на 22-то место со остварен извоз во вредност од 25.8 милиони евра.   

д-р Јелисавета Георгиева-Јовевска
Ана Стерјовска