ПОЕДНОСТАВЕНИ И ПОЕФИКАСНИ АДМИНИСТРАТИВНИ ПОСТАПКИ ЗА РАБОТНИ ДОЗВОЛИ

   

👁 Прочитано: 245


ПОЕДНОСТАВЕНИ И ПОЕФИКАСНИ АДМИНИСТРАТИВНИ ПОСТАПКИ ЗА РАБОТНИ ДОЗВОЛИ

Поедноставувањето на административните постапки и доследно почитување на роковите за добивање работни дозволи на странците ќе придонесе за поголема мобилност на работната сила и ублажување на проблемот со недостатокот на квалификуван кадар според потребите на бизнисот – беше истакнато на работната посета на Пера Констракшн и Инженеринг ДОО Скопје која Нена Николовска од Здружението на градежништвото, индустријата на градежни материјали и неметалите при Стопанската комора на Македонија и Влатко Стојановски од Советот на странски инвеститори при Комората ја остварија со Халил Ирфан Бумин, сопственик и генерален менаџер и Тајфун Селим, финансиски менаџер на компанијата.

Пера Констракшн и Инженеринг е компанија – членка на Здружението и Советот на странски инвеститори чија основна цел е да обезбедува проекти за клиентите со висок квалитет и економска оправданост почитувајќи ги временски определените рамки за нивна реализација. Компанијата е пристуна во градежниот сектор во нашата држава од 2004 година и досега има стекнато повеќе референци, како и реализирано значајни градежни проекти, работејќи согласно сертификатите ИСО 9001 и ОХСАС 18001.

Во рамки на работната посета од страна на претставниците на Комората се дискутираше за искуството на Пера Констракшн и Инженеринг стекнато низ годините, планираните проекти во земјата и во странство и беше покренато прашањето за кадрите и профилот на работници кој недостасува во градежниот сектор. Во таа насока се дискутираше дека и за долготрајноста на административните постапки за издавање на работни дозволи на странци со кои во одредени случаи се соочуваат деловните субјекти, при што беше истакнато дека нивното поедноставување, како и доследното почитување на законските рокови за издавање на дозволите би придонело за поголем проток на работна сила и квалификувани работници во земјата. 

Пера Констракшн и Инженеринг нуди изградба на разни видови објекти, меѓу кои индустриски објекти, сите видови на станбени објекти и трговски центри.

Некои од досегашните клиенти на компанијата во С.Македонија се Џонсон Мети, Кромберг и Шуберт, ТАВ, Маркарт, Костал и Кемет Електроникс.

м-р Нена Николовска