Актуелно / Стопанска комора на Македонија
   
ВО ПОСЕТА НА КОМПАНИИТЕ
08.11.2019 👁 Прочитано: 173

СиТ КОМПАНИЈА СО МЕЃУНАРОДНИ ИСКУВСТВА И ЗНАЕЊЕ НА ДОМАШЕН ПАЗАР


СиТ Македонија е дел од интернационалната компанија С&Т од Виена, Австрија, која е водечки снабдувач на сеопфатна консалтинг, аутсорсинг, интеграција на системи и ИТ услуги во Централна и Источна Европа и Австрија. Со основната дејност  С&Т се фокусира на консултации, развој, имплементација и работење на ИТ решенија, процеси и системи. С&Т им служи на компаниите во текот на целиот ИТ вредносен ланец во областа на производството, трговијата, телекомуникациите, јавните услуги, финансиските услуги, како и енергетските и комуналните компании.

С&Т има околу 70 филијали во 17 земји. Овие ограноци се управуваат и развиваат од локални раководни тимови и вработени кои го познаваат својот пазар исклучително добро, одржуваат блиски контакти со клиентите и спроведуваат и национални и меѓународни проекти на високо ниво на квалитет.

С&Т ги задоволува потребите за ИТ на големите и на средните претпријатија за создавање вредност на ИТ. Клиентите добиваат сеопфатна поддршка во областите на ИТ стратегијата, деловните процеси и системите. Ова вклучува консултантски услуги, развој и спроведување, како и оперативни индивидуализирани решенија за ИТ и процеси прилагодени на барањата на клиентите. Основната дејност на С & Т е првенствено во областа на интеграцијата на системите, вклучително: Систем за софтвер и испорака на апликации, Складирање и консолидација на серверите, Складирање и резервна копија/backup, Безбедност на мрежите и Поддршка и одржување

Компанијата СиТ Македонија ги таргетира клиентите во производството, трговијата, финансиските услуги, телекомуникациите, јавната администрација, автомобилската индустрија и снабдување со енергија, истакна менаџерот Боро Антовски, при посетата на компанијата на Лазо Ангелевски, задолжен за работата на Здружението на информатичко комуникациските технологии при Стопанската комора на Македонија. Клиентите се претежно големи и средни компании од областа на телекомуникациите, финансиските услуги, преработувачката индустрија, како и јавната администрација.

Со стратешките партнери  компанијата развива прилагодени ИТ решенија засновани врз технологии признати и тестирани низ целиот свет и тесно соработува со производителите на овие технологии, вклучувајќи реномирани меѓународни брендови.

Вредноста на компанијата е фактот дека тековниот професионален развој се базира на  образованието на вработени. Напорите се насочени развој на вештини и програми за врвно управување, надополнети со придружни настани, како и обука за специфични процеси на компанијата и информации, обука за личност, прилагодена на улогите за работа и програми за промовирање.

С.иТ. Македонија се стреми да го поддржи одржливиот развој на пазарите и остварувањето на економските цели. Но, компанијата промовира и разни иницијативи и проекти од областа на образованието, науката и културата, како и социјалните и добротворни проекти и настани.

Лазо Ангелевски