РЕФОРМИТЕ ВО ОБРАЗОВАНИЕТО И ВРЕДНУВАЊЕТО НА РАБОТАТА НА НАСТАВНИЦИТЕ

   

ОБРАЗОВАНИЕ / 31.10.2019
👁 Прочитано: 680


РЕФОРМИТЕ ВО ОБРАЗОВАНИЕТО И ВРЕДНУВАЊЕТО НА РАБОТАТА НА НАСТАВНИЦИТЕ

(III продолжение)

Наташа Јаневска
м-р Наташа Јаневска, самостоен советник
во Стопанската комора на Македонија
Продолжуваат и понатаму преговорите за зголемување на процентот на покачување на платата на наставниците како еден од условите да се постигне квалитет во образованието и наставниот процес. Улогата на наставниците е од големо значење за развојот на учениците како уникатни единки кои треба да се оспособат со знаења и практични вештини што ќе им го олеснат животот и ќе им овозможат да се вклучат во работните процеси. Затоа е потребно да се има задоволни и мотивирани наставници.

Сегашната вкупно исплатена просечна нето-плата на наставникот, според последните податоци на Државниот завод за статистика (2018 година), изнесува 23.448 денари. Споредено со вкупно исплатената просечна нето-плата на вработените во најбараните сектори во кои влегуваат секторот градежништво каде вкупно исплатената просечна нето-плата на вработените изнесува 22.034 денари, 44.094 денари во секторот информации и комуникации и 41.408 денари секторот финансиски дејности и дејности на осигурување, заостанува само секторот градежништво, додека во останатите два сектора разликата во висината изнесува околу 19.000 денари повеќе отколку во образованието.

Ако се направи анализа на процентот на растот на просечната исплатена нето-плата, по сектори и по години, во секторот градежништво, во 2010 година во однос на 2009 година бележи пад од -0,19 %, додека во наредните години бележи пораст. Најголем пораст има во 2016 година од 9,85 %, додека во 2018 година бележи пораст на просечно исплатена месечна нето-плата од 5,91% во однос на 2017 година, каде има пад од -1,87% во однос на 2016 година.

РЕФОРМИТЕ ВО ОБРАЗОВАНИЕТО И ВРЕДНУВАЊЕТО НА РАБОТАТА НА НАСТАВНИЦИТЕ 

Споредено од 2010 година до 2018 година, највисок раст на просечно исплатената месечна нето-плата до 14,82% во 2018 година бележи секторот информации и комуникации, а тоа е всушност и одговорот на прашањето кое често се поставува за големата заинтересираност за вработување во овој сектор и поттикнува на висок процент на квалитет во работењето на вработените.

РЕФОРМИТЕ ВО ОБРАЗОВАНИЕТО И ВРЕДНУВАЊЕТО НА РАБОТАТА НА НАСТАВНИЦИТЕ 

Наизменичен раст и пад на просечно исплатената месечна нето-плата бележи секторот финансиски дејности и дејности на осигурување , споредувајќи од 2010 година до 2018 година, но сепак просечно исплатената месечна нето-плата од 41.408 денари е над вкупната просечно исплатената месечна нето-плата во државата.

РЕФОРМИТЕ ВО ОБРАЗОВАНИЕТО И ВРЕДНУВАЊЕТО НА РАБОТАТА НА НАСТАВНИЦИТЕ 

Во секторот образование, најголем раст на просечно исплатената месечна нето-плата имало во 2010 година од 6,53% во однос на 2009 година, кога просечно исплатената месечна нето-плата изнесувала 21.177 денари, додека во 2009 година изнесувала 19.878 денари. Голем раст повторно бележи во 2018 година, од 5,11% во однос на 2017 година.

РЕФОРМИТЕ ВО ОБРАЗОВАНИЕТО И ВРЕДНУВАЊЕТО НА РАБОТАТА НА НАСТАВНИЦИТЕ 

За разлика од останатите сектори, вкупната просечно исплатена месечна нето-плата во државата, во периодот од 2010 година до 2018 година, бележи постојан благ пораст, а најголем раст има во 2018 година од 5,89% во однос на 2017 година.

Споредувајќи го порастот на просечно исплатената месечна нето-плата во период од 10 години се забележува дека просечно исплатената месечна нето-плата во секторот образование, иако има пораст од 1,85%, останува под вкупната просечно исплатената месечна нето-плата во државата. Највисок пораст има во секторот градежништво од 3,88%, а најмал пораст има во секторот финансиски дејности и дејности на осигурување, иако просечно исплатената месечна нето-плата во овој сектор е над вкупно просечно исплатената месечна нето-плата во државата. Сепак, не е за потценување и растот во секторот информации и технологија.

РЕФОРМИТЕ ВО ОБРАЗОВАНИЕТО И ВРЕДНУВАЊЕТО НА РАБОТАТА НА НАСТАВНИЦИТЕ 

Да резимираме: Имајќи го фактот дека просечната исплатена нето-плата во образованието е под вкупната исплатена просечна исплатена нето-плата во државата дали можеме да зборуваме за мотивирани и задоволни наставници кои континуирано мораат да ги усовршуваат своите вештини. И токму затоа Стопанската комора на Македонија бара зголемување на средствата кои ќе се издвојуваат од Буџетот за образование и тоа од сегашните 3,7 на 5%.