ЕДЕН РЕГИОН
ЕДНА ЕКОНОМИЈА
Актуелно / Стопанска комора на Македонија
   
Актуелно
12.06.2019 👁 Прочитано: 2296

ЈАПОНСКИ БИЗНИСМЕНИ ВО ПОСЕТА НА „СЕАВУС“


Делегацијата на јапонските бизнисмени кои се во посета на нашата земја со цел да го скенираат бизнис амбиентот и можностите за инвестирање, реализираа посета на ИТ-компанијата „СЕАВУС“.

„РАДЕ КОНЧАР СЕРВИС И РЕЦ“ И „РАДЕ КОНЧАР - ТЕП “ ДОМАЌИНИ НА ЈАПОНСКАТА БИЗНИС ДЕЛЕГАЦИЈАВо рамките на посетата и по запознавање со општите податоци и карактеристики за фирмата, претставниците на 17 јапонските компании кои работат на европскиот пазар се интересираа за можностите за соработка со ИТ-компаниите, за кадарот кој е на располагање и висината на приходите на вработените. Во таа насока беа претставени и капацитетите на „СЕАВУС“ како образовна институција, односно академија.

На средбата „СЕАВУС“ ја потенцираше и Наградата „Sarajevo Business Bridge Awards“ која оваа компанија ја доби во категоријата „Youth Employer of the Year“ за најбрзо растечка компанија во регионот на Западен Балкан за вработување млади лица, доделена на 10. Сараево Бизнис форум“.
 
„РАДЕ КОНЧАР СЕРВИС И РЕЦ“ И „РАДЕ КОНЧАР - ТЕП “ ДОМАЌИНИ НА ЈАПОНСКАТА БИЗНИС ДЕЛЕГАЦИЈААкадемијата нуди можности за 300 студенти на годишно ниво. Дел од нив за универзитетско образование, дел за преквалификација. Но клучно е дека 80% од студентите веднаш по завршување на образованието се вработуваат. 

Јапонските компании се интересираа за бројот на деловни субјекти кои како ИТ-компании работат во нашата земја и како се организирани.

„СЕАВУС“ е меѓународна компанија за развој на софтвер и советодавни услуги. Групацијата обезбедува производи за различни оддели во големи компании и владини агенции. „СЕАВУС“ опфаќа над 50 милиони мобилни претплатници преку своите клиенти.

Даниела Михајловска Василевска

ЈАПОНСКИ БИЗНИСМЕНИ ВО ПОСЕТА НА „СЕАВУС“
ЈАПОНСКИ БИЗНИСМЕНИ ВО ПОСЕТА НА „СЕАВУС“
ЈАПОНСКИ БИЗНИСМЕНИ ВО ПОСЕТА НА „СЕАВУС“
ЈАПОНСКИ БИЗНИСМЕНИ ВО ПОСЕТА НА „СЕАВУС“
ЈАПОНСКИ БИЗНИСМЕНИ ВО ПОСЕТА НА „СЕАВУС“