ЕДЕН РЕГИОН
ЕДНА ЕКОНОМИЈА
Нови прописи
   
ПРЕДЛОГ – ЗАКОН ЗА СУБВЕНЦИОНИРАЊЕ НА ПРИДОНЕСИТЕ ОД ЗАДОЛЖИТЕЛНО СОЦИЈАЛНО ОСИГУРУВАЊЕ ПОРАДИ ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ПЛАТА
12.09.2019

Со Предлог – законот се обезбедува поддршка од државата за компаниите кои ќе ги зголемат платите на своите вработени во износ од најмалку 600 до најмногу 6.000 денари над досегашните примања.
Во однос на зголемениот надоместок компаниите би имале обврска да платат само персонален данок на доход, додека државата ја презема обврската да ги надомести трошоците за придонесите од задолжително социјално осигурување за износот за кој е одобрено субвенционирање на придонеси.
Со Предлог – законот не се предвидуваат дополнителни администрирања, туку работодавачот во Месечната пресметка за интегрирана наплата што ја поднесува до Управата за јавни приходи, согласно со Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување, гo означува осигуреникот за коj бара субвенционирање на социјалните придонеси. Доколку се исполнети условите, Управата за јавни приходи ја потврдува  Месечната пресметка за интегрирана наплата и издава Декларација за прием со прифаќање на податоците и Збирен налог за плаќање намален за одобреното субвенционирање на придонесите
Со Предлог – законот се предвидува мерката да трае три години, а ќе се применува од 1 ноември 2019 година до 31 октомври 2022 година.

Контакт лице: Љупка И.Самарџиска
Телефон: ++ 389 2 3244018, M. 070 389 636
Факс: ++ 389 2 3244088
Е-адреса: ljupka@mchamber.mk
Контакт центар: (02) 15015

Стопанска комора на Македонија, ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13, 1000 Скопје