1035 д. 100 ГОДИШЕН ЈУБИЛЕЈ
Еден регион - Една економија
Средби, Семинар, Обука, Настан
   
14.05.2019
Бизнис средби
Бизнис средби „AgroB2B@NSFair“
Меѓународен саем за земјоделство, Нови Сад,

Enterprise Europe Network Македонија и Стопанската комора на Македонија ви овозможуваат да воспоставите контакти со нови деловни партнери на Меѓународниот брокерски настан „AgroB2B@NSFair“, кој ќе се одржи на Меѓународниот саем за земјоделство во Нови Сад, на 14 мај 2019 година.
 
Главни сектори на настанот се:
* производители на храна и пијалаци и трговци;
* машини за земјоделство и опрема;
* хемиски производи за земјоделство;
* пакување;
* обновлива енергија;
* обработка и опрема за стаклена градина;
* применета наука и истражување;
* иновативни технологии во земјоделството.

AgroB2B

Зошто да учествувате?
Меѓународните брокерски настани обезбедуваат дополнителна поддршка на компаниите со цел да најдат меѓународни партнери. На учесниците им се нуди да ги изберат своите потенцијални партнери според нивните сопствени потреби и информации за бизнисот и интересите на партнерот. Потоа ќе се објави распоред на состаноци што ќе се одвиваат на одредено место и точно определено време. Секој учесник добива своја лична листа најмалку еден ден пред настанот.
Учеството во „AgroB2B@NSFair“ Б2Б бизнис средбите е бесплатно.
Пријавете се на: http://agrob2b2019.talkb2b.net/ 

Рокови:
* 8 мај 2019 година: „онлајн“ регистрација (внесете го вашиот профил за соработка);
* 11 мај 2019 година: изберете интересни компании и закажете ги вашите деловни средби;
* 14 мај 2019 година: Брокерски настан и деловни средби „AgroB2B @ NSFair“.


Пријави се електронски

Контакт лице:
Лазо Ангелевски
Телефон: ++ 389 2 3244090, M. 070 271 731
Факс: ++ 389 2 3244088
Е-адреса: laze@mchamber.mk
Контакт центар: (02) 15015








Стопанска комора на Македонија, ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13, 1000 Скопје