1035 д. 100 ГОДИШЕН ЈУБИЛЕЈ
Еден регион - Една економија
Средби, Семинар, Обука, Настан
   
10.06.2019 - 19.06.2019
Конгрес
СВЕТСКИ КОМОРСКИ KОНГРЕС
Windsor Convention Centre, Рио де Жанеиро, Бразил

СВЕТСКИ КОМОРСКИ KОНГРЕС
WORLD CHAMBERS CONGRESS
10-19 јуни 2019 година
Рио де Жанеиро, Бразил

 

        Светскиот коморски конгрес се одржува секоја втора година во различни региони на светот. Истиот претставува тридневен настан кој на едно место ги обединува коморските лидери, бизнис заедницата и клучните владини претставници кои сакаат да научат и да бидат инспирирани од светските влијателни луѓе со цел да помогнат во трансформацијата на бизнис иднината.
11. Светски коморски конгрес ќе се одржи во Рио де Жанеиро, Бразил, од 12-14 јуни 2019 година во „Windsor Convention Centre“.

ПРОГРАМА

        Програмата е дизајнирана на тој начин да инспирира акција и да покрене соработка помеѓу учесниците. Преку тридневната програма се цели да се развие чувство на заеднички вредности кај бизнис заедницата, како и чувство на единство меѓу глобалната коморска мрежа. Под мотото: „Креирање на заедничка иднина“ 11. Светски коморски конгрес ќе презентира сесии кои ќе бидат водени од страна на експерти и извонредни соговорници:

I. Сесија: Нарушен свет: Нови пионерски патишта за компании и комори
II. Сесија: Градење на фер и транспарентни пазари за сите
III. Сесија: Одржливост и климатски предизвици: Просперитет преку пренасочување кон економија со пониска употреба на јаглерод
IV. Сесија: Лидерство за заедничка иднина
V. Сесија:  Осмислување на образованието: Вештини за глобалната економија на иднината
VI. Сесија: Подобрување на мобилноста за економски раст и развој
VII. Сесија: Паметни (Smart) градови 

         Целосната Програма може да се види во Агендата, која е во прилог на поканата.

ЦЕНИ

Категорија

Редовна цена

КОНГРЕСНА КАРТА ЗА СИТЕ ДЕНОВИ 
Меѓународен делегат 900,00 €
ЕДНОДНЕВНА КОНГРЕСНА КАРТА: 12 јуни (вклучен коктел за добредојде) 
Меѓународен делегат 335,00 €
ЕДНОДНЕВНА КОНГРЕСНА КАРТА: 13 јуни 
Меѓународен делегат 335,00 €
ЕДНОДНЕВНА КОНГРЕСНА КАРТА: 14 јуни (вклучена гала вечера) 
Меѓународен делегат 445,00 €

         Пријавување за учество на Светскиот коморски конгрес може да се изврши на следниот линк.

АРАНЖМАН
 - Цената на аранжманот изнесува 2.690,00 € за двокреветна соба, односно 2.990,00 € за еднокреветна соба, во денарска противвредност (1€ = 62 денари).

Во цената е вклучено:
• повратен авионски билет Скопје- Рио де Жанеиро – Скопје;
• повратен авионски билет Рио де Жанеиро – Сао Паоло – Рио де Жанеиро;
• трансфери до сите места планирани за посета;
• хотелско сместување на база ноќевање со појадок во хотелот Radisson Barra Rio De Janeiro ****, како што е наведено во програмата;
• хотелско сместување во Сао Паоло во централниот дел на градот на база две ноќевања со појадок;
• тури: Corvocado tour + Tijuca Forest (II ден), Tropical Island Tour (VI ден);
• вечера за добредојде – II ден;
• водич – пратител од агенцијата за цело време на патувањето.

Во цената не е вклучено:
• турите предложени за IV и V ден;
• оброци и пијалаци кои не се наведени во Програмата;
• останати лични трошоци;
• влезница за Конгресот.

Плаќањето е по добиена про-фактура од страна на ТА „Аурора турс“ на Вашата електронска пошта.

За реализација на аранжманот потребно е минимум 10 лица.

Цената е загарантирана за пријави до 15.3.2019 година поради можни промени на цената на авионскиот билет.

• Последен рок за пријавување е 31.3.2019 година.
• Пријавата се смета за потврдена по целосно извршена уплата, по што се постапува кон купување на авионските билети.
• За откажување на присуството после наведениот последен рок за пријавување, средствата не се рефундираат.


Агенда на настанот Пријавен лист Останати документи Пријави се електронски

Контакт лице:
Михајло Донев
Телефон: ++ 389 2 3244056
Факс: ++ 389 2 3244088
Е-адреса: Mihajlo@mchamber.mk
Контакт центар: (02) 15015

Контакт лице:
Даниела Михајловска
Телефон: ++ 389 2 3244021, M. 072 220 037
Факс: ++ 389 2 3244088
Е-адреса: daniela@mchamber.mk
Контакт центар: (02) 15015

Стопанска комора на Македонија, ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13, 1000 Скопје