20.11.2017 (Семинар)
УСПЕШНО СПРАВУВАЊЕ СО ЖАЛБИ И РЕКЛАМАЦИИ НА КЛИЕНТИ

21.11.2017 (Семинар)
ЕМПАТИЧНА ПРОДАЖБА - Нова перспектива на продажбата

21.11.2017 (Инфо сесија)
ИНФО СЕСИЈА ЗА ЈАВНИОТ ПОВИК ЗА ФИНАНСИРАЊЕ НА ПРОЕКТИ ОД ФОНДОТ ЗА ИНОВАЦИИ И ТЕХНОЛОШКИ РАЗВОЈ-ШТИП

23.11.2017 (Саем)
"24. Интернационален саем во Тирана"- 23-26.11.2017 Тирана, Р. Албанија

28.11.2017 (Бизнис средби)
„INTERNATIONAL MACHINERY AND PLANT ENGINEERING FORUM 2017“

28.11.2017 (Семинар)
ДЕЛОВНИ АСИСТЕНТИ (АРХИВСКО И КАНЦЕЛАРИСКО РАБОТЕЊЕ) И УНАПРЕДУВАЊЕ НА ВНАТРЕШНИОТ ПРОТОК НА ДОКУМЕНТИ

30.11.2017 (Семинар)
ДОГОВОРОТ ЗА ГРАДЕЊЕ И НАЈБИТНИТЕ НОРМАТИВНИ И ПРАКТИЧНИ ПРАШАЊА И ПРОБЛЕМИ ПОВРЗАНИ СО ГРАДБАТА - ПРЕДМЕТ НА ТРГОВСКИТЕ СПОРОВИ

03.12.2017 (Советување)
СОВЕТУВАЊЕ СОГЛАСНО ПРОГРАМАТА НА ИСОС

05.12.2017 (Семинар)
ИТ-КАТАСТРОФИ (DRP) И ФОРЕНЗИЧКА ИСТРАГА

12.12.2017 (Тренинг обука)
ИНТЕРНИ ПРОВЕРУВАЧИ (АУДИТОРИ) НА ИНТЕГРИРАНИ МЕНАЏМЕНТ СИСТЕМИ ISO 9001:2015, ISO 14001:2015, OHSAS 18000:2007

06.03.2018 (Бизнис средби)
Меѓународни деловни средби на Саемот „EcoBuild“ - Лондон, Велика Британија

Соопштенија, вести, актуелности - Приказ на содржина

27.07.2017


Актуелно  

Здружение на информатичко-комуникациските технoлогии - НОВИ ЗАКОНСКИ РЕШЕНИЈА ЗА ПОТТИКНУВАЊЕ НА ПРОМЕТОТ СО ИКТ-ОПРЕМА


На 27.7.2017 година во Стопанската комора на Македонија се одржа седница на Здружението на информатичко-комуникациските технологии, на која се расправаше за проблемите со кои се соочуваат членките, со присутната „сива“ економија  на пазарот со ИКТ-производи и опрема, како и увозот на употребени, стари и амортизирани пpоизводи, апарати и опрема од оваа област.

Компаниите бараат државата да го заштити регуларниот пазар со ИКТ-производи и опрема и ригорозна контрола, инспекции и активности за совладување на „сивата“ економија.

 

Контролите треба да се одвиваат постојано, како на границата на Република Македонија, така и на внатрешниот пазар.

На седницата се посочи и проблемот на провајдерите со дигитални апарати за печатење поради увозот на стари, употребени и амортизирани апарати. Компаниите бараат воведување и почитување на европски стандарди во врска со зачувувањето на животната средина во Република Македонија, промена на законската регулатива поврзана со увоз  и пуштање во промет на производи, апарати и опрема, особено од информатичката технологија, кои не се во согласност со европските регулативи, промовирање и имплементација на најновите светски технологии од информатичката област и развој на информатичкото општество во Република Македонија.

Директивата на Европската унија за забрана и рестрикција за користење на одредени опасни материи (RoHS Directive 2002/95/EC) во производите кои штетно влијаат на животната средина, од 2006 година е задолжителна за членките на Унијата. До денес Директивата постојано се проширува и станува се` поригорозна во однос на употребата на штетните материи во одделни производи.

Повод за ова барање на компаниите - членки на Здружението на ИКТ, е се` поголемата набавка и употреба на стари, веќе отфрлени во Европа апарати за печатење, копирање, мулти функциски уреди и друга ИТ-опрема од страна на државните институции, со што Р. Македонија станува отпад за застарена опрема која во Европа веќе се исфрла од употреба. Примената на критериумот на најниска цена во тендерите во Република Македонија, драстично го намали квалитетот на набавените производи и опрема во државните институции.

Здружението на информатичко-комуникациските технологии преку Стопанската комора на Македонија ќе соработува со сите државни институции и невладини организации чија дејност е екологијата и зачувувањето на животната средина.                  

Лазо Ангелевски











 

Премиум покровители

Покровители

Силвер покровители

Партнери

Државни институции

Меѓународни институции

© 2008 Стопанска комора на Македонија, задржани сите права