ЕДЕН РЕГИОН
ЕДНА ЕКОНОМИЈА
Актуелно / Стопанска комора на Македонија
   
ОБРАЗОВАНИЕ
19.09.2019 👁 Прочитано: 516

ФИНАНСИИТЕ И РЕФОРМИТЕ ВО ОБРАЗОВАНИЕТО (продолжение)


Дуалното образование станува потреба во нашата земја. Оваа учебна година се отвори уште една „ЕВН“ - паралелка за средношколци во Средното техничко училиште во Гостивар. Со формирањето на паралелката во Гостивар, вкупно 20 ученици ќе бидат дел од генерацијата на електромонтери и електротехничари кои по завршувањето на образованието во 2022 година ќе добијат понуди за работа во „ЕВН“. Исто така, оваа учебна 2019/2020 година, во СЕТУ „Михајло Пупин“ во Скопје, каде за прв пат беше воведено дуалното образование, ќе заврши и првата генерација на ученици од „ЕВН“ - паралелката кои веднаш ќе добијат понуди за работа во „ЕВН“ и плата од 20.000 денари. Праксата на „ЕВН“ прерасна во Платформа која ја следат и останатите компании, како Цементарница „УСЈЕ“, „Виталиа“, „Ван Хол Македонија“...

ФИНАНСИИТЕ И РЕФОРМИТЕ ВО ОБРАЗОВАНИЕТОЗа реализација на дуалното образование преку Платформата „20-20-20“, компанијата „ЕВН Македонија“ го опреми кабинетот со најсовремените уреди и алати кои ги користат монтерите при секојдневната работа на терен. Исто така, обезбедува и паричен надоместок и заштитна опрема за учениците. На овој начин, младите добиваат можност да се едуцираат, да реализираат практична обука во компанијата и да се обучуваат. И затоа неслучајно во претходниот текст потенциравме дека финансирањето, во суштина, е првиот фактор за квалитетно образование. И сега се поставува прашањето: колку нашата земја издвојува средства за образованието по ученик?

Според Буџетот за 2018 година, вкупните трошоци, по ученик, во основното образование во нашата земја изнесуваат 54.721 денари или 995 САД долари, додека во средното образование изнесуваат 74.503 денари или 1.355 САД долари, во високото образование изнесуваат 65.867,00 денари или 1.198,00 САД долари, без вклучување на науката која во нашата земја се третира посебно.

ФИНАНСИИТЕ И РЕФОРМИТЕ ВО ОБРАЗОВАНИЕТОПросекот на земјите на ОЕЦД за издвојување средства за образованието изнесува 8.500 САД долари за основно образование, 10.100 САД долари за средно образование и 15.500 САД долари по ученик за високото образование. Ако направиме споредба со нашата земја излегува дека кај нас за основното образование се издвојуваат 7.505 САД долари помалку за трошоци по ученик од просекот од ОЕЦД, односно отстапувањето од просекот од ОЕЦД е за 88,3%. За средното образование кај нас се издвојуваат 8.745 САД долари помалку, односно отстапувањето од просекот на ОЕЦД е за 86,6%, имајќи предвид дека ако сакаме квалитетно стручно образование треба да се издвојуваат повеќе средства отколку за гимназиското, додека за високото образование се издвојуваат 14.302 САД долари помалку, односно отстапувањето од просекот на ОЕЦД е за 92,2 %.

Ако направиме споредба со двете земји, Словенија, блиска земја по образование со нашата и Финска, земја на знаењето, ќе забележиме големи отстапувања. Во споредба со нашата земја, во Словенија вкупните трошоци на образовните институции, по ученик, изнесуваат 8.500 САД долари во основното образование, 8.300 САД долари во средното образование и 10.208 САД долари во високото образование. Во однос на вкупните трошоци по ученик во образованието, Словенија се стреми да се доближи до просекот на ОЕЦД. Споредено со просекот на Словенија, излегува дека во нашата земја за основното образование се издвојуваат 7.505 САД долари помалку за трошоци по ученик, односно отстапувањето од просекот од Словенија е за 88,3%, за средното образование се издвојуваат 6.954 САД долари помалку, односно отстапувањето од просекот е за 83,6%, додека за високото образование се издвојуваат 9.010 САД долари помалку, односно отстапувањето од просекот на Словенија е за 88,3 %.

ФИНАНСИИТЕ И РЕФОРМИТЕ ВО ОБРАЗОВАНИЕТО

Во Финска, вкупните трошоци на образовните институции, по ученик, изнесуваат 9.305 САД долари во основното образование, 10.482 САД долари во средното образование и 10.391 долари во високото образование. Во однос со Финска, нашата земја, во основното образование издвојува 8.310 САД долари помалку за трошоци по ученик, односно отстапувањето од просекот од Финска е за 89,3%, за средното образование издвојува 9.127 САД долари помалку, односно отстапувањето од просекот е за 87%, додека за високото образование издвојува 9.193 САД долари помалку, односно отстапувањето од просекот на Финска е за 90%. Разликата е очигледна, што наведува на фактот дека не е случаен високиот квалитет во образованието.

На крај, мораме да заклучиме дека една држава ќе биде онолку економски богата колку што вложува во образованието. Образованието треба да одигра клучна улога во стекнувањето релевантни квалификации, оспособување на стручен кадар и зголемување на националната конкурентност.