ПРАКТИЧНАТА ОБУКА НА УЧЕНИЦИТЕ ВО ФИРМИТЕ МОЖНОСТ ЗА НИВНО УСПЕШНО РАБОТЕЊЕ

   

АКТУЕЛНО / 22.01.2020
👁 Прочитано: 509


ПРАКТИЧНАТА ОБУКА НА УЧЕНИЦИТЕ ВО ФИРМИТЕ МОЖНОСТ ЗА НИВНО УСПЕШНО РАБОТЕЊЕ

Кога се зборува за стручни кадри се мисли на лица кои поседуваат стручни знаења и вештини и во кои не ќе треба дополнително да се вложува веднаш по нивното вработување. Такви кадри ќе се обезбедат доколку имаме квалитетна практична обука што ја реализираат учениците и тоа во фирмите каде ќе се запознаат со работните процеси ви фирмата и ќе ја почувствиваа работната атмосфера во текот на учењето. Свесна за овие процеси кои мора да се случат, Стопанската комора на Македонија, започна активности за вмрежување на компаниите и стручните училишта за реализација на практичната обука. М-р Наташа Јаневска на Стопанската комора, оствари работната средба во средното стручно училиште ,,Браќа Миладиновци” од Скопје со цел вмрежување на училиштето со фирми за реализацијата на практичната обука за квалификации од секторот земјоделие, ветеринарство и рибарство.

Практичната обука во фирмите е многу важна затоа што учениците се подготвени веднаш да се вклучат во работните процеси. Вака подготвените ученици придонесуваат за продуктивноста во работењето на фирмите, но истовремено стануваат и општествено одговорни, додека вложувањето на фирмите во училиштата претставува рекламирање на фирмите, истакна Елизабета Ангелеска, директор на средното стручно училиште ,,Браќа Миладиновци”, која изрази особена благодарност на Стопанската комора на Македонија за иницијативата за вмрежување со компаниите, бидејќи за дејностите за кои се едуцираат учениците во ова училиште праксата многу тешко се обезбедува. 

Служба за информирање